Црква Св. Атанасиј, с. Лешок

Во селото Лешок постојат две цркви посветени на светецот Атанасиј- едната е од постар, а втората од понов датум.


До старата црква која денес е во урнатини, може да се стигне по патот што води кон с.Брезно. Таа датира од XIV век. Ѕидана е на византиски начин од камен, тула и бигор, а подот е покриен со мермерни плочи. Неколкуте сочувани мермерни столбови од иконостасот со капители украсени со човечки и животински глави се наоѓаат во Тетовскиот музеј. Времето на фрескописување се совпаѓа со времето на нејзиното градење. Новата црква е изградена во 1924 година и се наоѓа во самиот манастирски комплекс, веднаш до црквата Света Богородица и конаците.