Св. Ѓорѓи Победоносец, Младо Нагоричане

Во близина на кумановското село Младо Нагоричане, покрај археолошкиот локалитет Костоперски рид и црквата Св. Петка, се наоѓа уште еден споменик на културата, чие постоење говори за културниот континуитет на во овој регион.


Тоа е црквата посветена на свети Ѓорѓи Победоносец. Дел од научната јавност оваа црква ја поврзува со црквата Св. Ѓорѓи во с. Старо Нагоричане и како време на нејзино подигање го зема XV век. Но, други истражувачи нејзиното подигање го сместуваат во времето на владеењето на деспотот Стеван Лазаревиќ, во XV век.

Црквата е подигната на правоаголен простор и е со форма на впишан крст, со тристрана апсида однадвор и нартекс со поголема широчина од наосот. Особено е впечатлива фасадата на црквата, што е изработена од фино клепан камен, додека за изработка на прозорците употребени се тули, а има и елементи на декоративна пластика од камен. Денес во црквата не е сочуван некогашниот живопис за кој се претпоставува дека ја прекривал целата внатрешност на црквата.