Ајде се налутил турскиот паша
Ајде се налутил турскиот паша
Ајде се налутил турскиот паша
од Панаѓуриште.

Ајде ми повикал девет мина турци
турци разбојници.

Идите ја фатите жива ја донесите
Рајна поп Ѓорѓиева.

Сакате ме колите, сакате ме бесите
јас сум војводата
јас сум војводата Рајна поп Ѓорѓиева
јас го сошив бајракот.

Јас го сошив бајракот и му турив знакот
смрт или слобода,
смрт или слобода за Македонија
земја поробена.