Полошки манастир

Единствен начин да се стаса до Полошкиот манастир е со чамец да се премине преку вештачкото Тиквешко езеро.


Овој манастир, со своето големо културно значење за тиквешкиот крај, го побудил народниот творец да создаде предание за неговото настанување, коешто секогаш е поврзувано со она на црквата Св. Богородица во с. Дреново. Легенда за градењето на црквата Св. Богородица - Дреново и Полошкиот манастир Црквата од комплексот на Полошкиот манастир е посветена на свети Ѓорѓија и изградена пред XIV век, а обновена во времето на цар Душан и неговиот брат Драгутин, кој е закопан во доѕиданата припрата. Подоцна, одново е поправана, последен пат во 1881 година.

Таа еднокорабна градба, со фасади од камен и тула и со купола над средниот од трите травеја. Фрескописот, според своите карактеристики, е датиран во XIV век, освен оној во нартексот којшто е изработен во XVII век. Вредно е да се истакне дека во живописот на оваа црква се забележуваат некои особености кои се разликуваат од другите живописи од истиот период. Од насликаните композиции, особено се впечатливи “Причестувањето на апостолите” и “ Богородица ширшаја небеса” во олтарната апсида, “Успение на Богородица” на западниот ѕид, композиција на која може да се забележи невообичаениот став на Исус Христос кој се надвил над Богородица, дарувајќи i го последниот бакнеж.

Во црквата забележливи се двете убави влезни дрвени врати од припратата, изработени во плитка резба, како и иконостасот кој датира од 1679 година.