Губењето на Европскиот примат

Вака модернизираната и силна Русија се повеќе се вплеткува во Европската политика особено по поразот на Наполеон пред Москва


. Со создавањето на свои специјализирани школи, универзитети и научни кабинети по теркот на Западна Европа, Русија се стреми и вистински да е дел од Европа.

Кога Петар Јаковљевич Чадаев ( 1794-1856 год.) како научник но и припадник на стара бољарска фамилија, во своето “Прво филозофско писмо “ ја жигосал Русија како заостаната во однос на Западот, царот Николај I го прогласил за луд и наредил да се стави под медицинско-психијатриски но и полициски третман.

Со ударите на Русија врз Турција особено по Кримската војна како и другите востанија кои ги предизвикуваше, поддржуваше и организираше по Балканот таа успеа да создаде свои кнежевски - творби како Бугарија, Црна Гора, Србија и особено првата - Грција со што го оцрта она што и беше вистинската цел. Тие творби излегуваа на топлото Средоземје, па се исцрта целиот посакуван воден пат од Црно море, преку Егејско до Јадранско море. Македонија како средишна и непериферна, не беше од посебен интерес за Русија , зашто на нејзе и требаа топлите мориња за развој на трговијата.

Дрското продирање на Русија во најстариот дел на Европа ги загрози интересите на Австро-Унгарија, Британија и Франција па со време успеаја да и ја извлечат Грција, но и да создадат нови како Албанија со што и ги пресекоа на Русија патиштата.

Има јасни планови од страна на Австро-Унгарија за државност и на Македонија со што би излегла на Егејот и Солун, но Русија преку своите творби – Грција, Бугарија и Србија ја пресекоа со Балканските војни во мигот на веќе одобрената и од Европските сили одлука за Македонска државност.

Со тоа и најдиректно започна борбата за превласт над Европа. Како и да е Русија со сето ова се покажа како неодминлив и главен играч на Европската сцена, особено што таа е сама како голема сила а од другата страна сите други Европски големи сили. Европа почна да го губи приматот над своите територии.

Уште повеќе што во ова време се раѓа и друг џин на крајниот запад во пределите на новиот континент – Америка. Токму таа истата Америка ( САД) подоцна толку длабоко ќе навлезе во Европската политика и територии, што исто како и Русија станува неодминлив голем играч. Со се поголемото јакнење на Русија и САД во иднина, Европа ќе го губи приматот и значењето кое го имала отсекогаш.

За ова во писанието за демократијата во Америка Алексис де Токвил уште во 1835 год. пишува :

“ Денес на Земјата постојат два големи народа кои (...) како да чекорат кон иста цел : Русите и Англоамериканците. (...) Американецот се бори против препреките кои му ги поставува природата ; Русинот мора да се бори против луѓето. Едниот води борба против пустината и варварството, другиот против цивилизацијата наоружана со сите оружја (...) Одејќи по својата цел Американецот се потпира на личниот интерес и препушта на вољата, силата и разумот од поединецот, не управувајќи со него. Тој во извесна мерка целата моќ на општеството ја концентрира во еден човек. На едниот главен двогател му е слободата, на другиот ропството. Поаѓалиштето им е различно, патиштата исто така, а сепак како по некој тајна Божја воља секој од нив е повикан да еден ден ја има во рацете судбината на половината од светот “ ( наведено спрема Schulze / Paul, 74 )