Европа, Турција и Русија по XV век

Односот на Европејците кон источните империи кои допираа или во делови беа на тлото од Европа по XV век е посебно интересен. Особено зашто тие токму во тој период беа во најголем свој подем .


Европа ги разграничува европските територии од Турција па постојано се пишува за “европска Турција“ и “азиска Турција “. Европските се – Македонија и Тракија, кои последни ќе останат неслободни а пред да се ослободат се Бугарија, Елада, Србија, Хрватска ,Црна Гора, Албанија, Босна и др. главно на Балканот.

Каков е одност кон другата империја во подем – Русија од страна на Европејците ? Особено што оваа империја ќе игра не мала улога во источна Европа а подоцна и пошироко, ( веќе долго и на светско ниво како голема сила).

Имено додека Европа е зафатена со завземањето на Американскиот континент и пронаоќањето нови земји и морски патишта, Русија завзема големи пространства на исток – Сибир, на југ – Црно море и Каспскиот басен, на север до Северните ледени мориња. Но интересно за тие освојувања Европјаните како што пишува уште Halle ,многу не се грижеа, но се загрижија кога Русија излезе на запад и почна да упаѓа во Естонија и Летонија, да војува со Швеѓаните и Литванците.

Со овие упади Русија создаде застрашувачка претстава дека Прибалтикот и источна Европа ќе бидат преплавени со нивните бескрајни орди ( Halle/Leipzig 1734, 37). И сега интересно е што Русите се новите “Варвари” за Европејците зашто нивните патеписци ги опишуваат дека се со “ азиски изглед “.


Иако Русија сега се трудеше со сите сили да се Европеизира,за што нејзините цареви воведоа многу реформи на модернизација, Европа сеуште тешко ја прифаќаше како дел од себе. Така иако уште од XV век , постоеја трговски односи меѓу Ханза и Москва, за плановите на Кремљ се грижеа италијански архитекти а освојувањата ги овозможија Германски и Чешки војници и тополеари, Русија сеуште е непозната за Европа.

Сигисмунд фон Херберштајн ( 1486 – 1566 год. ) во 1549 год го објави “ Rerum moscovitiacarum commentari “ ( Коментари за Русија, 1567 год. на германски ) и ја опиша земјата која општо кажано не е добро позната. И тоа замислете во XVI век, а за да биде иронијата поголема Турција ја впишува во познатиѕе земји.

Главната забуна е што реката Дон е сметана како граница меѓу Европа и Азија.Особено забуна создава Москва каде да се смета дали во Европа или Азија. Ортелиус, еден од творците на новиот тип книги –“ аталасите“ во XVI век, Москва на пример ја смета во Азија.

Знаењaта воопшто во Европа во тоа време се многу непрецизни што се должело меѓу останатото на ограничената слобода на движење за патниците. Особено при ова страдаат картите и мапите кои почнуваат да се исцртуваат и кои се една од друга толку различни што воопшто немаат некоја вистинска функција освен некое грубо ориентирање.

Оваа очајна состојба не е отидена подалеку ниту во XVIII век од да речеме во XVI век Универзалниот лексикон на Јохан Хајнрих Цедлер во принцип ги повторувал познатите ставови. Но во чисто географска смисла , прашањето за Русија сепак е разрешено – русија до Дон и припаѓа на Европа а од источниот брег почнувала Азија. Но бидејќи Дон извира многу појужно од Москва, ништо не е разјаснето за северниот дел на Русија.

Дури во XVIII век како граница меѓу Европа и Азија се означува Урал и тоа го воведува самата руска страна т.е лично Петар Велики кој со големите освојувања има потреба да ги разграничи и самиот Азиските од Европските руски територии. Тој воедно ги воведува најголемите реформи за модернизација и европеизација на Русија.