Западна и источна Европа

Но интересно додека новата Европа сеедно “помладата” над Алпите и “постарата” со Рим и светата столица, полека станува обединет поим низ Средновековието и кај владетелите, ...


...онаа античката Европа настаната во југоисточниот Медитеран сега со Цариград како центар, губи јасна претстава како дел од Европа. Се создава јаз меѓу овие два центра Рим и Цариград и со поделбата на Христијанството во 1053 год., проблем на кој Шалке не обрнал внимание при објаснувањето на ова оддалечување на Источна Европа од Западната. Токму со се подлабоките и заткулисни игри меѓу двата центи на моќ во времето на целосната доминација на црквите, Европа ги доживува најголемите меѓусебните оддалечувања .

Христијаните на Европа се едни кон други како животни според пишувањата на Византиските автори. Кога Карло Велики се крунисува во Рим на Божиќ во 800 год.,Цариград Западноевропејците ги прогласи за “Варвари”. Овие возвратија со пљачкање на Цариград во 1204 год. од крстоносците, (но и на Македонија, Тракија, Ахаја и др..) Со крстот на градите и штитовите се вршеа колежи и пљачки на Христијани од источна Европа.

Дури кога ќе се судри со целосно различниот свет на култури и религии кој доаѓа од Азија со Османлиските освојувања, Европа ќе ги прави брзите потези на обединување сфаќајќи колку биле блиски и на еден простор во споредба со доаѓачките целосно различни култури од Азија. Европа се сфати себеси дури со падот на Цариград во 1453 год.

Цариград дури откога го почувствува дишењето во врат од Османлиите, 14 години пред падот од 1453 год., се погази себеси и ги заборави сите разлики со Рим, па стапи во Унијатсво со Светата столица, склучувајќи договор за заедништво и помош. Христијанството стануваше свесно за опасноста и се обединуваше а со тоа и Европа а називот “Варвари” сега се употребуваше но за доаѓачките – Османлии.

Но Европското самоспознавање изгледа прима вакви важни и силни импулси само во ситуации на загрозеност од други култури. Така ова го спознава уште од мигот на сретнување на Македонците со Персијанците; Каролинзите со Арабјаните и Христијаните со Османлиите. Почнувајќи од антиката, европскиот човек си создаде слика со која се одреди како спротивна од туѓинецот.

Првите дефинирани Европјани всушност биле Македонците и Хелените. Зашто токму тие први се сретнуваат со Персијанците кои доаѓаат од истокот во освојување на југоисточна Европа, која всушност тогаш и била само цивилизирана. Но Хелените ќе останат само на ова, зашто тие од Средоземјето и не одат подалеку, па спознавањето на туѓи народи е поограничено.

Македонците пак, со големата инвазија не само што ја спознаваат држејќи ја под свое Африка ( Египет со Птоломеите ) но и Азија и особено со влегувањето во Индија, доаѓаат дури и во допир со културите од Индокина. Многу векови ќе и требаат на новата Европа да го спознае истото, дури со Марко Поло.


Таков интерес западна Европа ќе покаже дури кога источна е целосно загрозена и опстанокот на тамошната Европска култура.Токму тогаш почнаа експанзионистички патувања по должината на Африка од Португалските и Шпански морепловци, кои бараа нови патишта за Индија.
Стана битна промена - неуспехот на крстоносните војни им даде на некои повод за ново обединување на Европа, но во XV век се компензираше со интеркултурниот контекст на една нова експанзија (откривањето на Америка). Овде спаѓа и прогонот на Евреите и Арапите од Шпанија.

Како и да е куќата на Европа околу 1500 година , главно доби станари кои ја уредија и сега гледаа кон надвор. За тоа време внатре пробаа да ги прераспоредат собите, срушат некои ѕидови, почна борба за поделба на сопственоста над куќата, најпрво меѓу Хабзбурзите и Франција.