Поимот Европа во средниот век

Дури со слободното ширење на Христијанството, претставата за Европа ќе почне да се шири просторно


. За многуте нови земји на север кои Рим ги освои и спозна за разлика од предходните освојувања на исток, луѓето бараа претстава за полесно поимање.

Но тоа дури во XIII век ќе добие некои поконкретни поимања за поголемо пространство. Тогаш веќе и на друг крај – северно од Алпите, иако како просторен поим почнува и порано да се користи – уште од VIII век но тогаш појужно - накај Рим.

Големите пространства северно од Алпите како нова и млада земја без посебна историја, дотогашната цивилизација од Средоземјето но и од истокот имаа потреба да ја именуваат некако.

Така овој простор се повеќе се именуваше со “Европа” иако паралелно се користеше и поимот “Јафетија”. Вториот пак поим е според Јафет еден од тројцата синови на Ное кој според новата ширена религија – Христијанството, дошол со своите 23 сина во Европа.

Ова е дополнителен религиозен мотив за народите на Европа зашто според Стариот завет токму од трите сина на Ное се сите народи на светот. Но за Јафет е врзано дека токму тој е прататкото на Христијанските народи на Европа.

Во легендарниот запис од XIII век кој Шалке го спомнува за ова стои :

“ Japhet (…) cum 23 filiis suis venit in Europam, ubi nunc sunt christiani “ ( Fischer, 1957, 18). Или преведено “ Јафет (...) со своите 23 сина, дојде во Европа, каде се сега христијаните “.

Европа и северно од Алпите иако млада и во однос на видокругот на старите народи е без историја, со поврзувањето на Старозаветните селидби од Јафет сега добива историја исто така стара како и онаа на Азија со Сим како прататко и која спаѓа во закрилата на Божјото спасение.

Освен “помладата” Европа северно од Алпите, постои уште поран синоним кај малку  “постарата” Европа јужно од Алпите и тоа во центарот – Рим. Таму Карло Велики уште порано е нарекуван- татко на Европа ( pater Europae ) зашто созадава кралство Европа ( regnum Europae ) ( Fischer , 1957, 85 ) што е име кое го прави јасно да со сите идеолошки историски надоврзувања на Imperium Romanum, била битна свеста за нова изменета основна констелација.

Сепак со распадот на Каролиншкото царство и со доаѓањето на Лудвиг Побожниот ( крал/цар 814 – 840) доаѓа и до значајни промени во редот на збровите, па сега не е повеќе “ regnum Europae “ туку “ Europae regna “ .

Низ средновековието не е јасно колку народните маси ширум Европа биле свесни за овие именувања, зашто поимот Европа во ова време е повеќе политички. Како таков тој е претежно во пишаната култура и живиот јазик на оние кои ја водат политиката во тоа време ( владетелите на пример ).