с. Крмско II македонска Герника

02-27. IV.1944 год. на планината Каракамен голема офанзива од фашистичките окупатори обемно помогнати од Грчките банди на Пулос и ПАО со цел да ги ликвидираат антифашистичките единици кои најголема поткрепа имаа токму во краевите со македонски народ.


- Немајќи успех во борбите фашистичките грчки банди бесот го истураат врз невиното македонско население од селата на Каракамен. Горат повеќе села целосно и масовно се стрелаат Македонци.

- Селото Крмско по вторпат го горат и ги стрелаат сите преостанати 150 жители главно жени и деца, бидејќи мажите биле стрелани уште во октомври 1941 год.
- Крмско е збришано од лицето на земјата. Сликата е стравична за опис со купишта детски и мајчини тела како во последен грч се држат испронижани од безбројните куршуми и убоди од бајонети ,додека пламените јазици не ги зеле за да го избришат од свеста и од земјата овој дивјачки чин .Потоа го продолжуваат својот пир по другите села