Драгош – македонски пекол

22. XII.1907 год. – во с. Драгош влегла Врховистичка чета на бугарската пропаганда и за да ги заплаши селаните повеќето Петријаршисти ( под Грчката црква) а само некои куќи биле Егзархисти (под Бугарската црква) убиле 2 видни патријаршисти наредниот ден.


26.XII.1907 год. – во с. Драгош на вториот ден од Божиќ ( Грците слават по католички календар), влегла една Грчка чета ги опколила Егзархиските куќи и ги запалила, чувајќи ги вратите и прозорците, така што никој не смеел да излезе. Штом некој ќе се појавел, бил дочекуван со куршум.

Убиени се сите луѓе од тие куќи , и тоа : 10 деца, 8 жени и 7 мажи. Три жени кои се обиделе да избегаат биле фатени, заклани и пак фрлени во пожарот ( “Австриски документи” т. I, Крсте Битоски ,стр. 226 )