Ноември

01.XI.1871 год. – во с. Лабуништа, Струшко, роден е Ангелко Крстиќ, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и учител. Најпознат е по романот “Трајан”. Умира во своето родно село Лабуништа на 06 мај 1952 год.


01.XI.1995 год. – во Скопје умре Васил Иљоски, македонски драмски писател, критичар и книжевен историчар но и есеист. Најпознати дела му се пиесата “Бегалка“ и комедиите “Чорбаџи Теодос“ и “Свадба“.

01.XI.1998 год. – Р. Македонија стана 24-та земја членка на Европската организација за безбедност на воздухопловната навигација – ЕУРОКОНТРОЛ со седиште во Брисел.

03.XI.1896 год. – во Велес е роден Димче Зографски, македонски револуционер и општественик. Умре на 03 јуни 1985 год.

03.XI. 1920 год. – роден е Стефан Наумов – Стив во Битола, народен херој на Македонија. Завршил гимназија во родната Битола и во 1938 год. се запишува на Техничкиот факултет во Белград . Заради револуционерна дејност со другите Македонци- студенти често е затваран. По огорчена борба против Бугарскиот окупатор и за да не падне жив во бугарски канџи, со последната бомба се саморазнесува заедно со Димитар Богоевски – Мите на 12 септември 1942 год. кај селото Болно Ресенско.

03.XI. 1947 год. – во Лерин , Егејска Македонија, крвнички се ликвидирани 13 (тринаесет) Македонци од село Герман, Леринско, обвинети дека соработувале со партизаните. Тие беа само дел од масовните ликвидации на се што е Македонско по граѓанската војна во Грција.

03.XI.2005 год. – на предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донесе Решение за отварање на гимназии во грдаовите – Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.

03.XI.2005 год. – со посебна Уредба на Владата на Н.Р Македонија е формиран отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. Подоцна на 01 јули 1956 год. овој отсек за правни науки, се одвои како посебна високообразовна институција.

03.XI.1988 год. – умре Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар и автор на првата Македонска граматика објавена во 1946 год. како и на голем број учебници по македонски јазик меѓу кои и грамтиката за средните училишта. Роден е во Прилеп на 08 април 1909 год.

03.XI.1989 год. – во Сремска Каменица умре Никола Солдатов, познат македонски новинар и долгогодишен пред се спортски коментатор.

03.XI.1989 год. – Р.Македонија доби статус на набљудувач во ГАТТ – Меѓународен договор за трговија и царински тарифи.

04.XI.1873 год. – во Штип е роден Мише Развигоров, македонски револуционер учител и член на Скопскиот окружен комитет на ВМРО. Водејќи тешка борба со турската војска заедно со други Македонци-соборци, загинува на 02 април 1907 год.

04.XI.1947 год. - во Скопје во кино Култура, македонските филмаџии го организира првиот филмски преглед при што се прикажани секојдневните активности во животот на Македонците, градежништвото, прославата на 9 септември во Пиринска Македонија и бербата на памук во Струмичко. Сниматели беа Трајче Попов и Благоја Дрнков.

04.XI.1992 год. во Собранието на Република Македонија, пратениците го изгласаа Законот за Државјанство.

04.XI.2004 год. – САД ја признаа Р. Македонија под уставното име.

05. XI.1940 год. – Италијанските авиони на Мусолиниевата фашистичка армија, го бомбардираа Битола при што загинаа 10 Битолчани а беа ранети 26. Ова се воедно првите жртви што македонскиот народ од територијата на денешна Македонијаги даде во борбата против фашизмот.

06.XI.1909 год. – роден е Трајко Прокопиев, еден од најзначајните македонски композитори и диригенти. По ослободувањето тој е првиот Директор на Средната музичка школа во Скопје. Бил и главен музички уредник на Радио Скопје, диригент на симфонискиот оркестар и на операта на МНТ, а од 1959 до 1964 год. го водеше ансамблот за народни игри и песни на Македонија “ Танец “. Умре во Белград на 21 јануари 1979 год.


06.XI.1942 год. – во с. Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска македонска печатница – “Гоце Делчев”.

06.XI. 1944 год. - Македонските единици ги ослободија – Радовиш, Дојран и Валандово од фашистичките окупатори на Македонија.

06.XI. 1944 год – во Битола е формиран хорот “Стив Наумов”, кој подоцна прераснува во КУД – “Стив Наумов”.

06.XI.1993 год. – Република Македонија во Рим е примена за полноправен член на Меѓународната организација на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

07. XI.1829 год. – роден е Марко Цепенков, еден од најистакнатите собирачи на македонскиот фоклор и народното наративно творештво.

07. XI.1947 год. – во Горна Џумаја (денешен Благоевград) со изведувањето на пиесата “Печалбари” од македонскиот писател Антон Панов, Обласниот македонски народен театар официјално ја почна својата дејност среде македонскиот народ од Пиринска Македонија.

09.XI.1995 год. – во Стразбур е извршен и формален прием на Р. Македонија во членството на Советот на Европа, како 38 членка.

09.XI.2001 год. – Правниот факултет во Скопје при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”, со одлука на наставно-научниот совет од факултетот се преименува во - Правен факултет “Јустинијан Први”.

09.XI.2005 год. – Европскаат комисија даде позитивно мислење за кандидатурата на Р. Македонија за членство во ЕУ и му предложи на Европскиот совет да и даде статус на кандидат.

10.XI.1931 год. – во Скопје е роден Тома Прошев, врвен македонски композитор, еден од најплодните музички творци. Особено се познати неговите опери “Пајажина “, “ Малиот принц” и “Аритеј “, како и други. Прошев умре во Загреб на 12 септември 1996 год.

10.XI.1938 год. – во Истамбул почина Мустафа Кемал-паша, наречен и Ататурк (татко на Турците), турски револуционер, маршал и државник. Од раѓањето, школувањата и поголемиот дел од младоста како и службувањата ги поминува во Македонија од каде и му е потеклото. И за вистинските корени има факти кои укажуваат дека потекнува од фамилија на Македонци кои преминале на ислам а подоцна се и потурчени. Како и да е тој водач на Младотурската револуција која избива токму во Македонија и која извојува победа и обезбедува нов тип на државност со повеќепартиски парламент и слободни избори. Соработува со македонските револуционери и востаници кои и му помагаат на повеќе наврати во борбата против султанот и заостанатите негови поддржувачи. Се прогласува и амнестија за голем број Македонци членови на организацијата но и патриоти, по затворите ширум турската држава. Тој спроведува бројни реформи низ дотогаш длабоко заостанатото турско царство и последиците кое ги остава вековниот феудално-спахиски систем. Тој е најголем модератор на турското општество заради и што го добива називот Ататрурк. Лично командува во разбивањето на грчките окупаторски вооружени формации во војната 1919 – 1922 год. и е прв претседател е на Р.Турција (1923-1938 год.)

10. XI.1968 год. – во Ерџелија Светиниколско, почина Јован  Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист.

10.XI.1994 год. – во Брисел на светската изложба на пронајдоци и индустриски иновации “Еурека 94”, за прв пат самостојно е представена и Р.Македонија. Учествуваа 32 земји со околу 1 200 пронајдоци.

11. XI.1943 год. – во с. Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска народноослободителна бригада.
 
11. XI.1990 год. – во С.Р Македонија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори за новиот парламент и плуралистичко општество кое подоцна донесе целосна преобразба и осамостојување на Р. Македонија од сеуште постоечката СФРЈугославија.

11. XI.1995 год.- во Брисел 16 земји членки на НАТО алијансата му дадоа зелено светло на предлогот на Политичкиот комитет. Р. Македонија, да биде 27-ма потписничка на програмата “Партенесртво за мир”.

11. XI.1998 год. – во Скопје, во црквата Св.Петка е отворена првата црковно-народна кујна за сиромашните и бедни луѓе.

13. XI.1882 год. – во Кавадарци е роден е македонскиот револуционер, војвода, идеолог и учесник во Илинденското востание Добри Даскалов. Тој е активен во сите фази на македонската национална борба се до смртта порачана директно до Бугарите и дворот им во Софија во 1912 год. Член е Народната федеративна партија и рамо до рамо со Сандански, Димо Хаџи Димов и др. е еден од најактивните нејзини водачи.
 
14.XI.585 год. – умре Византискиот император Јустинијан I, наречен Велики, од Македонската династија. Тој е роден Македонец од Тавросијан или денешно с. Таор крај Скопје. Се прослави со кодификацијата на Римското право но и многуте реформи во културен поглед како и големите градежни зафати осоебено низ Македонија. Секако тој е и голем освојувач и оној кој и донесе нов голем процут на империјата. Во Македонија иако многу денес ги нема ,од него ни останаа импозантен број градби кои денес ги нарекуваме по многу подоцнежни владетели кои всушност само ги дозацврстиле и обновувале но вистински градител е токму Јустинијан. Така познатите Маркови кули, Самоиловата тврдина, Камениот мост и Скопската тврдина, (вијадуктот-?!) и  и сл. се токму од него. Во Цариград во 537 год. го изградил најголемото светилиште- црквата “Света Софија”, која Турците по освојувањето во 1453 год. ја претвараат во џамија. По наредба на Кемал Ататурк подоцна е пренаменета во музеј.

14.XI.1897 год. – ноќта меѓу 14 и 15 ноември , разбојничка група од 26 лица на чело со Коте Голапчев (од Берово) уфрлувајќи се од Бугарија, врши напад на куќата од Ќазим бег во Виница ,од каде е даден силен отпор. Но сепак Ќазим бег во борбата загинува па наредните денови е отпочната голема рација и затварања со измачувања на Виничани но и пошироко. Со ова се појави т.н.р “Виничка афера” во која настрада дел од подземната мрежа на ТМОРО.

14.XI.1944 год. – во Битола група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл “Кочо Рацин”, ја изведоа едночинката “Ѓоре Магаревски”, од Владо Малески, со што ова по Ју-кралството и предходните српско-бугарски и турски ропства, беше прво дело изведено на мајчин македонски јазик во слободна Битола. Со ова е започнато и раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмаската уметност во Македонија.

15.XI.1944 год. – во старите и руинирани простории на некогашната Воена болница кај Гази Баба во Скопје, е сместена новата Болница на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Штотуку ослободеното Скопје (13.XI.1944 год.) се организира и помагаше со се за успешно функционирање на оваа Болница, колку што во тие времиња беше возможно.

15.XI.1995 год. – Република Мкаедонија стана 27-ма членка на Мировната иницијатива на НАТО “ Партнерство за мир “.

15.XI.2000 год. – Тодор Димитовски, македонски научен работник, лингвист, книжевен историчар, лексикограф, книжевен преведувач и редактор, почина во Скопје. Зад себе остави импозантен број на научни дела, преводи и др. трудови.

16. XI.1898 год. – роден е Симеон Кавракиров, македонски револуционер, следбеник на Гоцевите идеи и секретар на Обласниот комитет на ВМРО за Пиринска Македонија.

16. XI.1923 год. – роден е Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија.

16. XI.1962 год. – Скопје е катастрофално поплавено од Вардар кој се излеа.

16. XI.1995 год. – почина Петре Прличко, доајен, еден од втемелувачите и бард на македонската театарска уметност, актер и режисер. Многубројни се ликовите кои маестрално ги одигра Прличко. Особено ќе биде запаметен по улогата на “Мандана” во филмот посветен за грабањето на американската мисионерка Мис Елен Стон од страна на Санадански и приврзаниците во 1901 год. За оваа улога како и филмот и  Прличко собра многубројни награди и признанија ширум тогашната држава и пошироко.

16. XI.2001 год . – Собранието на Р. Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот, иницирани од Рамковниот Охридски договор.

17. XI.1945 год. – на Пајак планина, Егејска Македонија, во месноста Шеова кај с. Баровица, во тешка и нерамна борба против одред од грчки монархофашисти, загинаа 9-мина Македонци патриоти од Македонската ослободителна организација НОФ и борци против грчкиот монархиски окупатор.

17. XI.1991 год. – Усвоен е Уставот на Р. Македонија, прв по прогласувањето на суверенитетот и самостојноста. Од 120 пратеници за Уставот гласаа 92 пратеника а не гласаа пратениците Албанци .

18.XI.1874 год. – во с. Постол, Егејска Македонија, роден е Крсте Петков Мисирков, најистакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 год. ја издаде книгата “За македонцките работи”, на свои 28 години и откако предходно во 1902 год. го заврши факултетот во Санктпетрбург. Книгата е одраз на неговата борба за самостојноста на македонскиот народ токму во времето кога соседните пропаганди најмногу удираа по неговите територии, блага и души. Но и не само тие но и вековните поробувачи Османлиите а од страна долеваа и големите сили , сите демена и го черечеа македонскиот народ со пропаганди и терор. Во 1905 год. во Одеса го издава вес. “Варадар “ на македонски јазик . Бил најголемиот македонски полиглот па чителствува и работи низ разни градови на Русија, Бугарија и новонастанатите држави по распадот на руското царство. Како еден од основачите на Македонското студентско движење, многу подоцна со оние кои останаа во Русија како Димитрија Чуповски, Дијамандија Мишков, Наце Димов и др. го покренуваат вес. “Македонски глас” каде има негови бројни текстови. Се потпишува со родокрајниот епоним “Пелски” ( Пела – Постол) кога објавува текстови во списанијата каде ја шири вистината за својот македонски народ. Живеејќи во Бугарија пак , често болешлив и во сиромаштија а немајќи ја силата на еден Сандански или другите македонски герилци, зашто неговата сила е во интелектот, напати се прикрива и прилагодува на Бугарите и нивните непрестани демнеења над него знаејќи за каков формат на македонски идеолог се работи. Но и во такви услови изнаоѓаше да ги пласира своите македонски национални стремежи, особено во списанието “Мир”. За да се сфати неговиот тежок миг треба да се вратиме само малку во предходната држава во која нашите генерации живееја – СФРЈугославија и кога мораше да се слави заедничката држава и “корен – словенскиот”, но да се избегнува многу да се нагласува посебноста на својот македонски национален стремеж, кој уште беше и признат. Во Бугарија во времето на Мисирков тој стремеж беше пак дополнително и фанатички ништен, затоа денешната бугарска пропаганда кога се фаќа како давеник за сламка за некои пишувања за Бугарија кои навидум и одговараат, кутрата и не сфаќа дека Мисирков само навидум им ја потхранувал суетата но им го задал најголемиот удар како распламтувач на македонизмот. Таму во Софија на 26 јули 1926 год. во најголема сиромаштија и беда умре Мисирков, но продолжувајќи го и хранејќи го македонизмот со нова и таква храна, што какви да превземат чекори денес бугарските пропагандисти , преслаби се и секогаш ќе се далеку зад Мисирков. Едноставно се бореше со се и со сета своја љубов за нешто чисто и возвишено – самостојноста на неговиот македонски народ а сите други соседни пропаганди за приграбување на уште една територија и историја. Затоа е тој колосален темелник на македонската борба и што повеќе удираат по него се повеќе ќе им се враќаат ударите назад повредувајќи ги нив самите, што повеќе удираат поголем ек добива тоа удирање па повеќе се збираат од други страни и се дознава вистината за нас и нашата посебност.

18.XI.1997 год. – Воената делегација Армијата на Р Македонија на чело со тогашниот мајор Ванче Стојчев , при посетата на Турција и турската армија во рамките на меѓуармиската соработка го посети и Воениот музеј на Турција. Таму го пронајде легендарното црешово топче од Крушевската република за време Илинденското востание од 1903 год. Нешто подцна топчето беше изложувано низ Македонија ширејќи ја вистината дека и во какви услови наспрам какви силни противници, македонскиот народ не се откажувал од својата национална борба за самостојност и слобода.

19.XI.1991 год. – пратениците на Собранието на Р. Македонија едногласно донесоа декларација за меѓународно признавање на Р. Македонија како суверена и независна држава.

20.XI. 1906 год.  – роден Живко Фирфов македонски етномузиколог, композитор, музиколог, диригент и македонски истакнат музички деец.

23.XI.1944 год. – формирана е Народната Библиотека, деенс Народна и Универзитретска Библиотека  “Свети Климент Охридски” – Скопје.

23.XI.1998 год. - Претседателот на Р. Македонија за мандатор на новата македонска влада го определи победникот на коалицијата од претходните Прламентарни избори и тогашен лидер на ВМРО – ДПМНЕ , Љубчо Георгиевски .

27.XI.1946 год. – Солунскиот партиски весник “Лаки Фони “објави список со имиња на преку 100 лица од Леринско и Воденско скоро сите Македонци , кои беа интернирани на Егејските острови.

27.XI.1997 год. – во Брисел со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу ЕУ и Р. Македонија.