Октомври

01.X.1891 год. – роден е Ангел Динев, македонски општественик и публицист.
01.X.1923 год. – умре Ефрем Чучков, македонски војвода, член на ВМРО и близок соработник на Гоце Делчев и другите македонски дејци и револуционери .
01.X.2003 год. – умре Анте Поповски, македонски Академик, поет, есеист, препејувач, новинар, публицист и политичар.
02.X.1992 год. – во Рим пред Италијанскиот парламент познат под името Монтециторио, се оддржаа протестни манифестации од кои се крена гласот за признавање на Р.Македонија.
04.X.1941 год. - во с. Чучер, Скопско формиран е првиот Народноослободителен одбор во Македонија.
04.X.1986 год. – Г.Г Гаврил ( Ѓорѓи Милошев) е избран за трет по ред Архиепископ Охридски и Македонски – Поглавар на Македонската православна црква.
05.X.1993 год. – Р.Македонија и Р.Грција првпат во историјата воспоставија директни телекомуникациски врски.
05.X.1995 год. - Собранието на Р.Македонија со 110 гласа “ за “ и само 1 воздржан, го усвои Законот за знамето на Р.Македонија со што се воведе ново осумкрако жолто сонце со радијални зраци, кои се шират на сите страни. Новото знаме настана како резултат на грчкиот притисок и “одбраната” на дотогашното 16-крако златно-жолто сонце од тогашните македонски политичари. Токму два дена пред тоа изведениот атентат врз тогашниот македонски претседател се поврзуваше со непомирливата македонска екстремна дијаспора која тешко ја прими капитулацијата пред Грција за знамето. Како и да е и на новото знаме на некој начин кумуваа – грците, зашто од многуте предложени идејни решенија Грција ги отфрли сите а за новото и сегашно, даде зелено светло.
09. X.1854 год. - во с. Идвор , Банат ( Војводина) , роден е Михајло Пупин, научник и изумител од светски глас, заслужен за конструирањето на телефонот. Тој е и добитник на Нобеловата награда и многу други бројни светски признанија. Потеклото на Пупин е од Охридско – Македонија, од која бегајќи неговите од турскиот терор заминаа во слободните земји на Австро-Унгарија и потоа во кнежеството Србија. Денешните потомци од оваа фамилија во Охридско се Пупиноски .
10.X 1944 год. – во с. Лаки на планината Плачковица е формирана 12 –тата Македонска народноослободителна ударна бригада, која учествуваше во ослободувањето на Македонија.
10.X 1946 год. – во црквата Св. Спас , беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев. Моштите два дена пред тоа се донесени од Софија која беше кооперативна и соработуваше со Р. Македонија која и го испра образот за учеството во фашистичката коалиција на Хитлер. Подоцна Бугарите длабоко зажалија а и денес не можат да се помират што моштите на најголемиот син на македонскиот народ се во Македонија а не кај нив за да можат да прават полесно уште многу историски фалсификати и инсинуации во однос на историјата.
16.X.1921 год. – роден е Славко Стојменски , Народен херој на Македонија.
16.X. 1994 год. – заедно со Парламентарните избори за првапта се организирани и претседателски избори во Р. Македонија.
17.X.1878 год. – избувна Кресненското востание на македонскиот народ, против Османлиската власт и држава. Затоа и целта на ова востание беше ослободување од таа власт и создавање нова и своја македонска држава, независна од било кој и со свој самостоен државотворен пат.
18.X.1898 год. – родена е Васка Циривири , мајка на двете ќерки- хероинки на Македонија кои ги дадоа своите млади животи во борбите против Бугарските окупатори на македонскиот народ. Но оваа мајка и самата беше дел од оваа борба заедно со своите ќерки, таа е носител на “Партизанска споменица 1941 год.” И прв Претседател на АФЖ.
18.X.1912 год. – започна I Балканска војна, која Србија, Црна Гора и Бугарија ја водеа против Османлиското царство за грабеж на територии особено Македонски и Тракиски сметајќи ги секоја од нив за “историски свои”. Всушност за парчосување на Македонија и македоснкиот народ кој по овие Балкански војни доживеа целосно уништување и масакар од дотогаш невидени размери. Оваа прва војна заврши истата година со примирје на 03 декември но незадоволна од пленот Бугарија, ќе поведе нова во која сите со се нападнатата Турција ќе се свртат против неа со што само се докажува излитеноста на поводот и за првата војна, за “спас на Христијанските браќа од Македонија”.
20.X.1875 год. – роден е Димо Хаџи Димов, голем македонски револуционер идеолог и автентичен теоретичар на македонската национал-ослободителна мисла. Тој е постојано крај најборбените и непомирливи македонски синови – револуционери со кои заедно ја исткајаа македонската ропско-непомирлива историја. Непомирлив е и со оние кои се грабаа за македонските души и територии, соседските пропаганди и уфрлени чети во Македонија.
25.X.1995 год. – Р.Македонија е примена за полноправна членка на Црноморската конвенција за соработка во областа на културата, образованието, науката и информирањето.
26.X. 1689 год. – Австро-Унгарската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. На овој чекор Австриските војсководци се одлучија за да ги спасат своите војници и останатото население од епидемијата на чума која тогаш беснеела во Скопје. Сепак опасната болест огнот не успе да ја запре.
30.X.1890 год. – Охридското граѓанство упати масовна петиција- Молба до Високата порта во Цариград, со која се молеше дозвола за отварање на училиште и за македонскиот народ покрај другите и во кое наставата би се изведувала на чист македонски јазик.
30.X.1918 год. – Е датум со кој престана да постои Отоманската империја а со нејзината капитулација. Таа се распадна и од неа се создадоа многу нови држави, слично како и другите дотогаш големи империи ривалки за Балканот – Австро-Унгарија и Русија. Од нивниот распад се создадоа многу држави нови заеднички творби во кои една од нив беше и кралството на СХС ( подоцна Југославија) каде влезе Вардарскиот дел од Македонија или денешната Р.Македонија. На новата Турција сепак и беше оставен Европски дел , или најголемиот дел од Тракија но беше принудена да им препушти премин преку Црно море на победниците, потоа да се повлече од Арабија, Месопотамија, Сирија, Ерменија и делови од Килики. Покрај сето оваа Турција мораше и да ја распушти својата војска.
31.X.1918 год. – роден е народниот херој на Македонија Димитар Богоевски – Мите, голем револуционерен син на македонскиот народ но и поет кој посвети толку многу песни и пламени зборови на својата татковина. Таа му беше прва мајка и за неа бестрашно се втурна во првите борбени редови против Бугарските окупатори.
|