Тој со Антон Панов и васил Иљоски се македонските столбови на драмскиот жанр, меѓу двете светски војни. Негови познати дела се : “Парите се отепувачка “, “Антица“, “Милиони маченици “, “Автобиографија “, “Велик ден “ и др. Умре во Скопје на 29 октомври 1975 год
03.IX.1901 год. – кај месноста “Потпрена стена” на патот Банско-Симитли, македонските герилци од четите под команда на војводата и револуционер Јане Сандански, ги киднапираа Американските мисионерки мис Елен Стон и придружничката Катерина Стефанова- Цилка. Од Протестанската мисија се бараа средства во висина од 25 000 турски лири како откуп, кои подоцна во преговорите се исплатија во смален износ од 14 000, но и тие доволно за да се купи барем дел од оружје и др. опрема за предстојното востание на македонскиот народ.
03.IX.1921 год. – роден е македонскиот народен херој Христијан Тодоровски- Карпош во Куманово. Уште веднаш по бугарската окупација на Македонија се вклучува во собирањето оружје за востание на македонскиот народ, активно движи низ народот и теренот а активен е и во пропагандната дејност за ослободувањето на Македонија. Учествува во подготовките на Првиот Кумановски народнослободителен одред. Во овој одред тој е и член на штабот подоцна и учествува во борбите кои ги води против окупаторот. Во жестоката битка со бугарската војска кај селото Билјача загинува на 07 февруари 1944 год.
03.IX.1944 год. – повеќе од 300 Албанци-балисти со невидена бруталност тргнаа во терористички пир и масакри на населението од с. Маврово, Гостиварско. Се што ќе сретнеа по пат убиваа, пљачкаа и пожареа. На крајот до темел го изгореа и целото село – Маврово, при што изгореа – повеќе од 150 куќи, испљачкаа повеќе илјади крупен и ситен добиток, претепаа и убија многу луѓе, а живи во оган беа фрлени Куне Трпевски, Симун Трифуновски, Евдо Десовски и Мара Штерјоска. Но Мавровци само станаа посигурни за неминовното од овој пир па уште утредента заминаа во партизани 29 младинци, меѓу кои и 7 девојки.
04.IX.1944 год. – СССР и објави војна на Бугарија која пак по само 4 дена објави капитулација напуштајќи го сојузникот Хитлерт и се сврте од другата страна – сега од кај новите победници.
04.IX.1996 год. – се промовираа новите пари на Р. Мкаедонија кои веќе на 08 септември 1996 година се пуштени во оптек.
06.IX. 1962 год. - во Струга почна првата поетска манифестација “Струшки вечери на поезијата “. За првпат најзначајната нагрда – Златниот венец на поезијата му е доделен на Роберт Иванович Рождественски во 1966 год . за најдобра песна. Но од 1971 год. па до денес, оваа награда се доделува за целокупен поетски циклус.
09.IX.1993 год. – пуштена во работа е меѓународната телекомунациска врска меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија на релација Скопје – Софија.
09.IX.1997 год. – во Скопје е отворен првиот ресторант на “Мекдоналдс”во Македонија (во светот има повеќе од 20 000 ресторани под оваа фирма).
10.IX.1905 год. – во Велес е роден Алексо Демниевски-Бауман, македонски револуционерен командант од НОВ но и од предходната Шпанска граѓанска војна. Имено Бауман во Шпанската граѓанска војна (1936 – 1939 год.) беше командант најпрвин на интернационалниот батаљон “Ѓуро Ѓаковиќ”, па откога беше унапреден во чин мајор стана и комндант на Интернационлната бригада “Георги Димитров “. По овие борбени искуства во војувањето против фашистичките сили на Франко и оската која го поддржуваше , бауман ја продолжи својата борба сега во родната Македонија против Бугарските окупатори и Германските фашисти. Така тој веќе во завршните операции за чистење на фашистичките сили е Комндант на 15 Македонски корпус. Умира во белград на 05 септември 1961 год. во Белград.
10.IX.1910 год. – во Прилеп е роден Мирче Стојанов (Димче Мире), учесник во националослободителното движење, член на Президиумот на АСНОМ, Претседател на Народното собрание на НР Македонија и еден од основачите на Архивистичката служба во Македонија. Умре во Скопје на 04 септември 1991 год.
10.IX.1917 год. – во Скопје е роден Драган Ташковски, истакнат македонски историчар, публицист и општествено-политички работник. Неговите историски дела на многу ефикасен начин од темел ги разнесуваа фалсификатите на бугарската пропагандистичка наука, и најефикасно ја истакнуваа сета нивна плиткост и научно-историска неодржливост. Ташковски умре на Хвар на 16 септември 1980 год.
10.IX.1994 год. - во селото Арачиново, скопско е осветен и поставен камен-темелник на новата црква Св. Маченик Талалеј.
10.IX.1998 год. – умре Александар Линин, етномузиколог, прв доктор на музички науки во Македонија. Роден е во Кавадарци на 05 октомври 1906 год.(според семејството а 1908 год. според запис од властите).
12.IX.1942 год. - кај селото Болно Ресенско, по огорчена и нерамноправна борба со бугарскиот окупатор и за да не паднат живи во бугарски канџи, со последната бомба се саморазнесуваат Димитар Богоевски – Мите и Стефан Наумов - Стив. И двајцата храбри синови на македонскиот народ за својата неустрашливост и бескомпромисна постојана борба за ослободување од Бугарите, се прогласени за народни херои на Македонија.
12.IX.1986 год. – умре истакнатиот македонски академски сликар и графичар Драгутин Аврамовски – Гуте.
12.IX.1996 год. – умре Тома Прошев, врвен македонски композитор.
13.IX.1924 год. – на улиците на Софија од страна на Бугарските слуги врховистички платеници извршија атентат на Димо Хаџи – Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на македонското револуционерно национал-ослободително дело.
13.IX.1944 год. – Тито испраќа појаснување до Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија во врска барањето на Англичаните за рушење на комуникациите, особено пругата Солун – Скопје како и паралелниот сувоземен пат со мостовите и сл. клучни места. Имено тоа е во врска предстојното повлекување на Германските група армии Е од Средозмејето преку Македонија кон Австрија под команда на Генералот Александер Лер. Македонските единици спроведувајќи ја наредбата а ќе имаат и наместа судири со предходниците и обезбедувањата при повлекувањето. Допринесоа за развлекување и оддолжување на повлекувањето што овозможи паралелно групирање на групи армии од антифашистичката коалиција на север и неуспех подоцна на Германците да се извлечат од Балканот.
13.IX.1995 год. – Р. Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи.
13.IX.1995 год. – Р. Македонија и Грција потпишаа привремена спогодба за пријателски односи и градење доверба и се обврзаа на почитување на заемниот суверенитет и територијален интегритет, прифаќајќи ги меѓународно признаените државни граници.
21.IX.1927 год. – роден е Христо Андонов – Полјански , македонски историчар, ректор на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје, врвен проучувач и истражувач на историјата на македонскиот народ. Член на МАНУ и активен општественик, добитник на многубројни признанија и награди.
25.IX.1903 год. – Македонските чети и војводи од Егејска Македонија на Пајак планина кај врвовите Гантач и Гола Чука водеа една од најхрабрите и најславни големи битки против многубројниот турски аскер. При ова се прославија војводите Апостол Птков и И. Карасулијата со своите чети кои на турската војска и нанесоа тешки загуби од 180 загинати турски војници и неброен ранет аскер додека на своја страна загубија само еден комита. За ваквиот диспропорционален број на загуби, македонските герилци ја имаа главната предност во стратешката доминантна позиција на запоседнатите врвови кои беа практично не освоиви а се што идеше кон нив - лесна цел. Покрај тоа и познавањето на секоја педа од своите планини ,на истренираната македонска герила и беше дополнително олеснение за прифаќање на битката.
25.IX.1943 год. – во Тирана умре Нико Нестор, еден од најголемите раководители и борец на народносолободителното движење во Струга и Струшко.
25.IX.1946 год. – во Скопје е основано КУД Кочо Рацин. Тоа е основано од Месниот Синдикален совет на Скопје за обединување на работниците и службениците во развивањето на културно-просветната дејност.
25.IX.1960 год. – во Охрид почна снимањето на првиот долгометражен филм “Мирно лето”во режија на Димитрие Османли а во продукција на “Вардар филм”. Мирно лето е и првата и долговреме единствената македонска комедија во Македонија.
25.IX.2000 год. – во Скопје , првпат од отварањето на Центарот за трансплантација при Клиниката за хематологија, се изведени првите две пресадувања коскена срцевина во Р.Македонија.