04.II.1872 год. во Кукуш роден е Гоце Делчев (21.I.1872 год., стар стил), неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба, неуморен народен трибун, просветник, праведник со кама на појасот”, поборник на тезата за перманентно и континуирано востание во Македонија со исклучив ослон на сопствените сили од македонскиот народ.
Првите револуционерни стапки ги прави во Солунската гимназија каде се школува од 1888 – 1891 год., кога се зачленува во тајните ученички кружоци. Продолжувајќи го школувањето на Военото училиште во Софија се сретнува со Лозарите, и соработниците но и со Коста Шахов од Младат книжовна дружина, со Иван Хаџи Николов еден од основачите на ТМОРО и многу др.. Поради револуционерната активност во македонското национално движење кому целосно се оддал во 1894 год. Бугарите го исклучуваат од Военото училиште. Но како Егзархијата нема речиси никаков или недоволно образуван учителски кадар за Македонија, Делчев се пријавува и добива место за учител. Новата позиција тој ја користи за уште пожестока работа на терен. Во Штип се среќава со Даме Груев во 1895 год. кој и го препорачува во ТМОРО каде веднаш влегува и го дава својот недостижен револуционерен долг. Зашто токму тој ја разгранува организацијата до невидени граници, со својата пропагандна но и човечка дружељубивост насекаде, со својата итрина и осет за опасност секогаш пред непријателите. Токму тој со Ѓорче Петров ги изработуваат Уставот и Правилникот на ТМОРО. Особено е жесток кон Врховистите и Бугарските прсти во македонското дело. Кон крајот на 1901 год. со една чета трга во инспекција на Организацијата и состојбите во речиси сите комитети. Ги посетува – Радовиш и Радовишко, Неготино, Кавадарци, с. Ваташа, Прилеп, и Прилепско, Битола, Леринско, Костурско, Кајларско, Воденско, Струмичко, Горноџумајско. Тој ги согледува потезите кои ги презеде организацијата по Виничката афера за која Врховистичките прсти се виновни. На VIII-от вонреден конгрес на Македонско-Одринските друштва тој енергично во својот говор се спротивставува на Бугарските аспирации кон македонското национално дело. Особено го критикува Борис Сарафов и неговата улога во поддршката на ваквите тенденции усмерени кон Бугарија. Уште појасен и поенергичен е на Солунскиот конгрес во јануари 1903 год. кога се спротивставува на одлуката за дигање востание велејќи дека народот не е спремен за тоа и јасно посочувајќи ги кривците од соседството за избрзувањето. И токму ова е најверојатната причина за негова елиминација пред самиот Смилевски конгрес кој токму требаше да донесес одлука дали е или не е за востание. Некој пресмета дека без Гоцевото силно влијание оваа одлука многу полесно ќе се донесе. Впрочем тој тоа и го напарави уште на Солунскиот конгрес кога спречи таква одлука со својата ораторско- убедувачка моќ. Во предвечерјето на Илинденското востание на 04 мај 1903 год. во с.Баница Гоце храбро загина во борба со многубројниот турски аскер, паѓајќи на олтарот на неговата Македонија, гинејќи за слободата на македонскиот народ.
07.II.1876 год. умре Партенија Зографски, прв македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници на македонскиот народ во XIX век.
26.II.1925 год. од страна на неоврховистите и бугарски платеници, убиен е Георги Скрижовски (вистинското име му е Георги Радев Иванов), голем македонски војвода, револуционер и деец. Учесник е во Илинденското востание и член на познатиот Серски револуционерен окружен комитет раководен од Јане Сандански. Роден е во с. Скрижово, Драмско во 1882 год. Завршува Педагошко училиште во Серес и учителствува во Демирхисарско. На поттик од Гоце Делчев целосно се внесува во револуционерната дејност влегувајќи првин во четата на Димитар Гоштанов а подоцна и во на Јане Сандански. Во постилинденскиот период формира своја чета со која дејствува во Разлошко. Како член на Серскиот окружен комитет и доследен приврзаник на Јане Сандански учествува во сите акции организирани од овој комитет, особено во разбивањето на бугарската пропаганда и напори да се инволвираат во националното дело на македонскиот народ.И токму затоа тие не му ги забораваат овие активности па го ликвидираат во градот Свиленград каде живее по I Светска војна и дефинитивните поделби на Македонија.
07.II.1973 год. умре Никола Мартиноски, македонски ликовен уметник, педагог, академик, кој четири децении беше еден од најголемите репрезенти на македонската уметност ширум светот.Разновидната негова дејност е обемна и се развива од периодот на Првата светска војна па се до смртта во 1973 год. Се раѓа на 18 август 1903 год. во Крушево по точно една година од големото Илинденско востание кога трагичните негови особено се чувствуваа во Крушево. Мартиноски се школува во српски, бугарски, романски училишта а арботи и во атељето-работилница на големиот македонски зграф и сликар Димитар Папрадишки. Покрај школувањето во Букурешт, Мартиноски престојува и во Париз во периодот 1927 – 1928 година каде ги посетува познатите Академии Гранд Шомиер и Рансон. Професори му се Жорж Бисиер, М.Кислинг, Амаде де ла Пателјер ( Gorges Bissiere, M.Kissling, Amade de la Patteliere). Мартиноски има огромен број самостојни изложби ширум екс-Југославија ( и кралска и социјалистичка) но и пошироко во Париз, Дижон и др. европски градови ( особено во 50-те години на XX век). Мартиноски е прв иницијатор и основач на првото македонско Училиште за применета уметност а е и негов Директор од основањето во ноември 1944 год. до 1949 год.. По ова во истата 1949 год. Мартиноски станува Директор на новооснованата Уметничка Галерија, во чие основање исто така зема учество.Тој е и два пати избран пратеник на собранието на ЈУ-Федерацијата а бил и неколку апти Претседател на ДЛУМ.
05.II.1977 год. во „несреќен случај“ загина генералот Васко Карангелевски, народен херој на Македонија (има сомненија дека генералот е ликвидиран од тогашните безбедносни служби на СФРЈ заради „национализам“, со неговото барање во ТО на СР. Македонија да службуваат само Македонци) . Во НОВ на Македонија пристапи во 1941 год. Вршеше воени должности како командант на батаљон, заменик-командант на III и на IV македонска НОУ бригада, командант на VII и на XLIX македонска дивизија. По војната беше командант на дивизија,началник на штаб на корпус и на воено подрачје и началник на штаб на армиска област. Роден е во селото Брусник, Битолско на 07 јули 1921 год.
14.II.1943 год. во селото Русиново, Беровско, умре Никола Петров-Русински, еден од истакнатите личности од националната историја на македонскиот народ, револуционер, близок соработник на Гоце Делчев и другите македонски револуционери.
Учесник е во Мелничкото востание од 1896 год., на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание од 1903 год. Како војвода на чета дејствува во Демир Хисарско-Струшкиот крај како и во Мариовско. Учествува во Балканските војни 1912-1913 год., кога македонскиот народ е предитрен дека доѓа конечното негово ослободување од турското ропство, па се приклучи преку своите војводи и чети било каде од сојузничките балкански војски.
Русински е роден во селото Русиново, на 21 ноември 1875 год.
26.II.2004 год. македонскиот Претседател Борис Трајковски заедно со 6-члена делегација и двајцата пилоти загина при уривањето на македонскиот валдин авион на 15 км. јужно од Мостар во сеуште до крај неразјаснети услови. Трајковски за Претседател на Р. Македонија е инаугуриран на 15 декември 1999 год. како втор по двата мандати на првиот Претседател во самостојна и независна Р. Македонија, Киро Глигоров.