Хаџи Јоаким Крчовски

Првиот клижевен работник во новата македонска литаратура- Јоаким Крчовски е роден во с. Крчово, во Демир Хисарско, Пиринска Македонија, во средината на 18 век.


Тој е првиот народен учител кој што се труел да просвети што поширок слој луѓе и кој што глејал да направи известен напредок во црковно-просветен поглд. Тој почнува да пишува, покрај на црковио-славјански и на народен јазик. И така Јоаким Крчовски го направи првиот и најважен чекор во културно-просветната историја на македонсквот народ во XIX век, Тој го напечати првото дело на народен јазик во Будим 1814. Од делата на Крчовски се добива јасна слика за положбата на нашето друштво во цела Македонија во првата четвртина на XIX век.
Крчовски отпечатил неколку дела: 1. "Повест против страшнаго и втораго пришњствија Христова" 1814 год, во Будим. 2. "Митарства" 1817 год. 3. "Различни поучителни наставленија", печатени во Будим 1819 год. Делата на Јоаким Крчовски често се препечатувани и препишувани, што зборува за нивната популарност за големиот иитерес што го покажува македонскиот чи-тател во првата половина на XIX век, кон книжевната работа.