Влахов и гимназијата во Солун

Димитар Влахов во Солунската Гимназија учи од 1893 год до 1897 год. и ја оценува како расадник на македонската интелигенција но и интелигенцијата на Одринско- Тракија


Тука се развивала љубовта и интересот кон историјата и револуционерните движења во другите земји.
За учителите вели дека се Македонци но и дека имало и туѓинци како Бугари од Бугарија и Бесарабија но и од други земји кои предавале специјални предмети – француски, цртање, гимнастика и др.

- За Бугарите вели дека не биле малку, едва ли 50 % и интересно е што за нив вели :

“Tие Бугари доаѓаа во Македонија за да го просветат нашиот народ, но повеќето од нив, - за да не кажам сите – беа луѓе кои доаѓаа во една земја каде народот, како тие си представуваа, се наоѓаа на пониско културно ниво отколку местата од каде тие доаѓаа . Тие, пред се ,беа Великобугари, противници на македонскиот народ за ослободување и самостојност и сметаа дека стојат повисоко од учителите Македонци. Тие учители на секаде се стремеа да покажат дека тие стојат повисоко од македонските учители. Тоа беа луѓе кои добиваа и поголеми плати отколку учителите Македонци. “(Зошто ли само ако се един народ, та нели Македонците уште беа – Б,лгари од прво качество ?! – з.н)

Спомнувајќи и конкретно за овие Бугари – учители тој наведува личен судир и непријатни инциденти со тројца од нив.

Владимир Дјакович од Бесарабија – предавач по природни науки и физика, Христо Ганев од Плевен – предавач по хемија и за кој наведува дека 1897 год. е убиен во казиното Коломбо од српската пропаганда, што само укашува колку овие две пропаганди се истуриле врз македонскиот народ, та не бираат средства за своите “виши цели”,
Димчев – учител по француски јазик кој бил и најумислен од сите дека и припаѓа на некаква “виша раса”та не пропуштал прилика да ги исмева и понижува учениците – Македонци (а нели Македонците беа – Б,лгари од прво качество според бугарската пропаганда, па сега од каде ова исмевање и заради што ?! – з.н )