Димитар Влахов за фамилијата

Потеклото на Влахов е од средно имотна трговска фамилија .Татко му Јанаки и чичко му Георги, водат фамилијарен бизнис со колонијален магацин за железо.


Потоа го делат па Димитар со постариот брат Христо, му помагаат во работата на татко им во делот кој ним им припаднал.
Татко им е чесен човек роден 1840 год., сакал синови да ги изучи за што не жалел средства.

* Најстариот син Георги, роден 1867 год. го запишува во Солунската гимназија како еден од првите ученици таму. Но поради учество во бунтот против Егзархијата, Христо е исклучен при последната година од своето учење. Сепак го продолжува своето образование со тоа што за да го дозаврши ова образование и да се стекне со диплома морал да дозавршува во Пловдив и по три години заминува во Швајцарија на студии по право. Нив успешно ги завршува и се стекнува со титула – “Лисансие по право на Универзитетот во Лозана.”

* Вториот син Христо (исто постар од Димитар ), роден 1870 год. по завршувањето на Гимназијата во Кукуш и покрај обидот нешто да работи кај вујко му во Бугарија кој бил инжинер по струка, заради влошено здравје ( маларија), се враќа во Кукуш. Каде помага на татка си. Инаку вујкото во Бугарија е Христо Станишев кој е активен во Вториот Македонски Врховен комитет, чиј Претседател бил на двапати и кој одржувал врски со Гоце Делчев и Ѓорче Петров кои во тоа време и биле представници токму на овој Комитет ( судирајќи се со Првиот Комитет).
- Ниту овој син на Јанаки ,не мирувал. Тој во Кукуш е еден од основачите на организцијата во 1894 год. и заедно со Туше Делииванов се главни двигатели на организацијата.
- Делегат е од Кукуш на конгресот во Солун оддржан од 01- 04 јануари 1903 год. Наклеветен од Бугарската клика, неколку месеци по ова заради обидот за убиство на познат Бугарски слуга од Кукуш – Анго Попов, Христо е обвинет и затворен од властите. Осуден е на 3 години затвор, но 1904 год , го опфаќа амнестијата која во тоа време е дадена на македонските политички затвореници, и бива ослободен.


* Третиот син – Никола Влахов , роден 1884 год., уште како ученик во VI клас Гимназија во Солун, 1903 година е затворен и осуден како револуционер. А осуден е на – вечен затвор со заточение во Мала Азија. Таму лежи со Иван Гарванов за кого Влахов спомнува дека и нему му предавал како учител по физика и хемија ,но и за кој вели дека во организацијата стапил дури во 1901 год. и дека токму тогаш се случила провала по која веднаш се нашол на чело на организацијата.Го разоткрива како Бугарофил и со учителот Димитар Мирчев од Прилеп противници на МРО,како такви со Лозанчев предизвикуваат предвремено востание.

* Ќерката Божија , мажена за Гоце Бојаџиев – трговец, активен член на МРО и убиен во судир со турска војска кај с. Бајалци 1900 год. Гевгелиско. Гинат заедно со братот на Гоце Делчев – Мицо Делчев и со Мицо Самараџиев исто од Кукушп ,во четата на Христо Чернопеев.