Која е ИОП?

ИОП е основан 1921 год. како надпартиска и пред се Меѓународна организација.


Иако во називот стои за работничка помош, леви сили нема ниту третина. Така на пример во Германската секција (како најрепрезантивна зашто и др. беа со слични проценти, но и оти Берлин е седиштето на ИОП) од вкупното членство кое брои преку 120 000 – само 8 % беа Социјал-демократи, 10 % беа Сндикалисти и Христијански социјалисти, 12 % беа комунисти и дури 70 % беа неутрални.

Основачи на оваа меѓународна организација се: Бернард Стокхолм Клара Цеткин, Анатол Франс, Анри Барбис, Андесен Никсе, Проф. Форел, Проф. Алфонс Голдшмид, Кете Колвиц, Фриц Платен (Швајцарија), Макс Харден, Артур Холичер, Вили Минценберг и мн. други)

ИОП пружа помош ширум светот, каде се јавуваа природни несреќи како суши, поплави, земјотреси, и сл. но и економски последици од - сецесии, масовни отпуштања и страдања, груби кршења на работнички права. Но ИОП разви и борба за национални и човекови права секаде каде беа кршени.

Таа за десет години (1921-1931г.) израсна во една од најмасовните организации на меѓународна помош, со преку 18 000 000 членови и со огромни материјални средства собирани и доделени во најургентните краеви на светот. Така:

* 1921 год.  - на настраданото население погодено од глад во областите на Волга (40 000 000);
* 1923 год.  - во Германија голема помош на изгладнетиот народ од војните и инфлацијата;
* 1923 год., - голема материјална помош за тешко настрданата Јапонија од силниот земјотрес;
* 1923 год.  - голема материјална помош на жртвите од масовните масакри во Кина за што создаде и специјален комитет;
* 1923 год. -  масовна акција на собирање потписи за поддршка на Англиските текстилни работници во генералниот штрајк а собираше материјална и парична помош за нивните семејства;
* 1925 год. - помош за бедните селани на Ирска;
* 1926 год. - поддршка на Англиските рудари во масовниот штрајк и посебно голема помош на нивните семејства;
* 1928 год. - помош и на жртвите од земјотресот во Бугарија и износ во парична помош од 64 000 М (Бугарската влада подло ги конфискува парите и не ги пушти на загрозените, дури по масовните протести кои ИОП ги организира низ Германија, Франција но и уште побројните реакции од целата светска интелектуиална елита меѓу кои и Ректорот на Универзитетот во Франкфурт и др., Бугарија засрамена мораше да ги пушти средствата);
* 1929 год. - масовни протести и реакции против белиот терор кој беснееше во Романија а води и посебна акција против масакрот на 60 рудари во Лупена (Трансилванија) при што материјално ги помогна семејствата на рударите;
* 1930-31 год. - повторна помош за Англиските текстилни работници во нивниот масовен штрајк но и текстилците во Северна Франција (1931 год.);

- Покрај сето ова ИОП создаваше јасли и колонии за одмор на деца и.тн. и сл., во сите поголеми акции на масовна помош ги следи другите Меѓународни организации на помош особено Црвениот крст води и поограничени акции како aкцијата на помош за спасување на Унгарскиот револуционер Ракоши кого владата на Хорти го осуди на смрт како и за спасување на Сако и Ванцети;
- Едноставно нема област во која ИОП не помогнала или не организирала нешто, само во пари има во тие 10 години помогнато со сума од тогаш значителни 118 500 милиони М .