Тракија - Историја

Најпостојано историски и географски Тракија е дел од Македонија и во антиката но и во средовековието, толку многу што често и самата го носи името – “Македонија”.


Името Македонија и е давано како тематско дури и кога на вистинската Македонија и се давани други тематски имиња, меѓу кои и нејзиното име “Тракија”, што укажува колку ги сметале за компактни и исти.
Тракија како име суштествува од длабоката антика и со “Македонија”, “Епир” и “Мизија”, денес се единствените останати антички имиња. Разликата е што само Македонија остана државно-национално име а последниве заради историските случувања денес се обласни имиња. (Грција, Бугарија, Албанија и Турција се доцнежни имиња донесени од далеку). Но тие во антиката и низ историјата не успеваа да создадат поопстојна самостојност и често се во склоп на првата – Македонија.
Така во антиката Тракија е во состав на Македонија се до самиот крај на Македонската држава во 167 год. кога паѓа под Римјаните. Подоцна Римјаните ке ја ставаат во различни теми најпрвин во составот на – “Мезија” а кон крајот на 7 век Византија ја прави како посебна тема –“Тракија” за одбрана од Бугарите од север.

Нешто подоцна Тракија (Западна) го добива и повеќе од 6 векови го носи тематското име – “Македонија”. Под турска власт Тракија е до 1913 г., за кој период се врши силна исламизација врз голем дел од Тракијците кои се инаку поблиски до столнината на новите освојувачи, сега – Истамбул.
За овој период единствена некаква слобода Тракијците доживуваат со Руско-Турската војна 1877 – 78 год., кога Русите завземаат делови од Тракија и ги држат привремено но подоцна со Договорот се повлекуваат.
Тракија страда во Балканските војни кога е тешко разорена со ѕверства и пљачки од судирите на оние кои се грабаа за нејзе – Бугарите, Грците, Србите и Турците.
Со Договорот за мир во Лондон 1913 год., Турција се одрече од сите Балкански делови западно од линијата : долен тек на р. Марица – Мидија, а Бугарите ја запоседнале Западна Тракија .Во II Балканска војна Турците ја повратиле целата источна Тракија .Со Нејскиот мир од 27.IX.1919 год.најголемиот дел од Западна Тракија и припаднал на Грција а само помал дел задржала Бугарија.
Тракија страда и за време на I Светска војна особено 1915 – 1916 год. во јужниот дел, на Галиполскиот полуостров и Дарданелите, каде се водени операции од широки размери помеѓу сојузничките и Турските сили (Дарданелска операција). Во II Светска војна Тракија во состав на Грција е окупирана од Германските фашистички единици.