ГОЦЕВИОТ НАТАМОШЕН ПОХОД

Според Гоце силата на Организацијата била во нејзината врска со народот и за тоа тој понатаму бил постојано во обиколка низ Македонија. Вршел ревизија на комитетите, четите, одржувал собранија со раководствата и со народот.


По осум месечно крстосување низ Македонија што од крај до крај ја изодил пеш, зацврстувајќи ја Организацијата, насекаде со народот, преку кој ги отворил перспективите за една слободна автономна Македонска држава на рамноправни граѓани, зацврстувајќи ја вербата дека таа треба и едноставно може да биде само дело на сопствениот народ. Неусловлив за турските власти кои го барале најсилено, Гоце се префрлил во Бугарија, враќајќи се во старата дејност во задграничното претставништво во Софија.

Во април 1902 година Гоце Делчев присуствувал на пловдивскиот собир на одрински револуционери. Во летото 1902 година се одржал Х конгрес на друштвата во Бугарија, каде што Гоце Делчев посебно се ангажирал за избор на делегати блиски на МРО.