Паско Кузман

Поет, научен работник. Роден е на 15 октомври 1947 година во с. Вапила, Охридско.


Завршил Филозофски факултет. Професија: археолог. Работи во Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид. Член на ДПМ од 1992 година.

Автор е на книгите: Три Чељусти (научен труд, 1985), Римјани (поезија, 1987), Балсамара (поезија, 1990), Уметноста на Требеништа (научен труд, 1998).