Паскал Гилевски

Поет, раскажувач, романисер, есеист, критичар, преведувач. Роден е во с. Сетома, Костурско, Егејска Македонија на 1 јули 1939 година.


Завршил Филозофски факултет во Скопје. Директор на националната библиотека „Св. Климент Охридски“. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Член е на Унгарската академија на науките и уметностите. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1970 година.

Автор е на книгите: Брегум - брегум (поезија, 1972), Толкување на уметноста (есеи, 1977), Бегство (поезија, 1983), Глава (раскази, 1984), Знаме во пазувите (поезија, 1985), Животот на песната (поезија, 1985), Зоја (роман, 1986), Небесна и земна љубов (роман, 1989), Бездомници (раскази, 1989), Ангели на прогонството (роман, 1993), Ќорсокак (роман, 1993), Поетика на два брега (есеи, 1995), Двајца црнци зборуваат македонски (лирска монодрама, 1996), Скомраз (роман, 1997), Расчекор (раскази, 1999), Избрани дела во пет тома (1999), Меланхолија (поезија, 2000).

Добитник на наградите: „Григор Прличев“, „11 Октомври“, „Стале Попов“, „Кирил Пејчиновиќ“, Одликување на Унгарската влада, Одликување на Француската влада, „Витез на уметноста и литературата“, „Златно перо“.