Михо Атанасовски

Поет, писател за деца и млади, драмски автор. Роден е во Скопје на 10 април 1934 година.


Завршил средно образование. Бил уредник во Македонското радио. Член на ДПМ од 1957 година.

Автор е на книгите: Очите и измаглините (поезија, 1955), Никогаш не сум сам (поезија, 1957), Минуваат пролети (поезија, 1959), Од лав до страв (басни, 1962), Божурика (поезија, 1963), Еден лав плаче од страв (басни, 1964), Марко новинарко (раскази за деца, 1969), Во дворецот на сказните (римувани сказни, 1971), Марко новинарко (нови раскази, 1972), Река (поезија, 1975), Големиот јунак (новела за деца, 1975), Песни (1976), Тајната на едно писмо (пиеска, 1976), Има еден прозорец (поезија, 1979), Отаде реката (поезија, 1985), Куќичката со бела шамија(роман за деца, 1987), Кога се сакавме со Тинка (роман за деца, 1989), Зад де-вет гори зелени (поезија, 1990), Бамбила од другиот свет (роман за деца, 1992), Тутуле бале (поезија за деца, 1994), Цветот што носи среќа (поема 1994), Уличето со обетки од цреши (поезија за деца, 1995), Пуземаже и Цинцилин (поезија за деца, 1996), Љубовниот живот на Симсиле (новели за деца, 1998), Уличето со обетки од цреши (нова книга, поезија за деца, 1998), Вечери кај шардаванот (поезија за деца, 2000).

Добитник е на повеќе литературни признанија.