Михаил Ренџов

Поет, преведувач. Роден е на 25 август 1936 година во Штип.


Завршил гимназија во родниот град, а Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1965 година.

Автор е на книгите: Иселеник на огинот (поезија, 1965), Ноќно растење на зборот (поезија, 1967), Каде од оваа страна (поезија, 1968), На работ од сонот (поезија, 1972), Страв (поезија, 1976), Полноќ (поезија, 1979), Нерези (поезија, 1982), Аутодафе (поезија, 1985), Феникс (поезија, сонети, 1987), Земја. Потоп (поезија, 1991), Сонување патување (книга за деца, 1991), Тој (лирска поема, 1993), Шпил 33 (поезија, 1994), Вечната бесконечната (поезија, 1996), Јас оксиморон (поезија, 1998), Ангела сонува (поезија за деца, 1998), Псалми (поезија, 2000). Покрај повеќето препеви, автор е на препевот на Гилгамеш, асиро-вавилонски еп (3 изданија: 1994, 1997, 2000).

Добитник е на наградите: Награда на СВП за необјавена песна (1964), „Ноемвриска награда на градот Штип“ за книгата „Иселеник на огнот“ (1965), „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата“ Нерези“ (1982), „Григор Прличев“ за препевот на книгата „Тиранија на сонот“ од Каролина Илика, „Прличев ловоров венец“ за поемата „Тој“ (1993), „Гранд приџ интернатионал“ за севкупно творештво, Романија (1997), „Златно перо“ за препевот на книгата „Мудрости и горчини“ од Дритеро Аголи (1998). „Ацо Шопов“ за книгата „Јас Оксиморон“ (1999), Македонска номинација за наградата „Балканика“ (2000).