Методи Манев

Романсиер. Роден е на 25 јануари 1953 година во с. Амзабегово, Светиниколско.


Филолошки факултет во Скопје. Магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје на темата „Митолошките елементи во прозата на Славко Јаневски“. Се занимава и со филмска дејност. Работи во Домот на културата „Крсте Мисирков“, Свети Николе. Член на ДПМ од 1991 година.

Автор е на книгите: Антидневник (роман, 1982), Сираче (роман, 1985), Да се убие подбивната птица (роман, 1989), Судбината на поетот (поезија, 1995), Ние сме кока кола генерација (драма, 1995), Последното цвеќе на есента (раскази, 1997), Кој тропа на мојата врата (драма, 1997), Берачи на ѕвезди (поезија, 1998), Матуранти (драма, 1999), Кукулино центар на светот (студија, 1999), Сината патека на љубовта (роман, 2000).