Лидија Димковска

Поет, есеист, теоретичар на книжевноста, преведувач. Родена е во Скопје на 11 август 1971 година.


Завршила Филолошки факултет во Скопје на групата Општа и компаративна книжевност, а докторирала на тема од романската книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија. Работи како предавач по македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт. Уредник е на одделот за поезија во електронското списание за култура и уметност „Блесок“ (http://www.blesok.com.mk). Член на ДПМ од 1995 година.

Автор е на поетските книги: Рожби од исток (1992), Огнот на буквите (1994), Изгризани нокти (1998), Нобел против Нобел (2001). Составувач на антологијата Дваесет млади македонски поети (2000).

Добитник е на наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга.