Киро Донев

Писател за деца и млади, преведувач. Роден е во с. Моноспитово, Струмичко на 21 март 1942 година.


Директор и главен уредник на „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1970 година.

Автор е на книгите: Жаба спикер (поезија, 1967), Било - не било (раскази, 1969), Априли - ли (пиески, 1969), Да се запознаеме (раскази, 1971), Мешана салата (хумористично-сатирична проза, 1972), Ај погоди (гатанки, 1982), Битката на Мечкин камен (повест, 1982), Шенко (роман, 1983), Јордан Пиперката (повест, 1983), Пере Тошев (повест, 1984), Стражари на мирот (раскази, 1985), Збркана сказна (роман, 1986), Мојот свет (избор, 1986), Ден по ден година (раскази, 1987), Ајде да патуваме (сликовница, 1988), Внукот на мајорот (роман, 1989), Шарена криенка (раскази, 1990), Наталија во лагалија (сликовница, 1990), Таинтсвена книга (сликовница, 1990), Ден по ден година (сликовница, 1991), Манастирски ѕвона (роман, 1992), Далаверите на Добре лошиот (роман, 1992), Четириножните рицари (роман, 1993), Азбучна криенка (гатанки, 1995), Стихувани случки за внучиња и внучки (поезија, 1997), Надуенка (раскази, 1997), Збркана бајка (роман, 1997), Шарена криенка (раскази, 1998), Киндер квачка (роман, 1999), Приказни од Зоопаркот (раскази, 2000).

Добитник на наградите: „Гоцева повелба“ - Подгорци, „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија.