Илија Велев

Поет, раскажувач, научен работник. Роден е во с. Добрејци, Струмичко на 7 март 1959 година.


Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Работи во Институтот за македонска литература во Скопје. Член на ДПМ од 1990 година.

Автор е на книгите: Далечина (поезија, 1980), Одлагање на говорот (поезија, 1988), Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија (монографија, 1990), Бисеро моме, Бисеро (избор од македонска љубовна поезија од преродбата до 1945 година, 1900), Македонска средновековна книжевност, коавторство (монографија, 1991), Македонскиот книжевен 14. век (монографија, 1996), Култот на Св. Гаврил Лесновски во книжевната традиција (монографија, 1996), Лесновскиот книжевен центар (монографија, 1997), Скрипторски центри во средновековна Македонија, коавторство (монографија, 1997), Кирило-Методиевската традиција и континуитет (студии, 1997), Мораме да крвариме (раскази, 1999), Кога морето се изговори без брегот (критики, 2000), Средновековни книжевни антологии (монографија, 2000).