Зоран Анчевски

Поет, есеист, преведувач. Роден е во Скопје на 16 мај 1954 година.


Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. Секретар на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1994 година.

Автор е на стихозбирките: Патување низ скршени слики (1984), Стратегија на поразот (1994), Линија на отпорот (1998), Превод на мртвите (2000).