Загорка Присаѓанец - Тодоровска

Поет, раскажувач, преведувач. Родена е на 14 август 1930 година во Прилеп.


Завршила Филолошки факултет (книжевност и романска филологија) во Скопје. Работела како професор по литература, новинар во Радио Скопје и уредник во образовната редакција во Македонската РТВ. Работела и во МАНУ како виш стручен соработник за македонската литература. Член на ДПМ од 1992 година.

Автор е на книгите: Преобразби (поезија, 1987), Штокче на рокче (поезија, 1990), Протокот на животот (поезија, 1992), Светот на дланка (поезија, 1992), ПреображениЯ (избор поезија на руски јазик, 1998). Има објавено раскази, записи и книжевноисториски трудови.