Ермис Лафазановски

Раскажувач, романсиер, историчар и теоретичар на литературата. Роден е во Клуж, Романија на 8 декември 1961 година.


Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Работи во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Член на ДПМ од 1994 година.

Автор е на книгите: Половина божилак (раскази, 1992), Традиција, нарација, литература (монографија, 1996), Благородник (роман, 1997), Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите (раскази, 1999), Македонските космогониски легенди (студија, 2000), Текст и менталитет (зборник, 2000).