Евтим Манев

Поет, преведувач. Роден е во Кавадарци на 25 јануари 1931 година. Завршил средно образование.


Потоа студирал славистика на Универзитетот во Скопје. Бил уредник во издавачката куќа „Македонска книга и на списанието Современост. Член на ДПМ од 1967 година.

Автор е на стихозбирките: Моклишките ангели (1973), Ѕвездата на Витлеем (2000).

Добитник на наградите: За превод - „Златно перо“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Божидар Настев“, наградата на РКПЗ за најдобар превод на годината.