Евгенија Шуплинова

Поет, раскажувач, преведувач. Родена е на 9 јуни 1930 година во с. Тополчани, Прилепско.


Завршила средно образование. Работела како новинар во „Нова Македонија“ („Колибри“), „Млад борец“ и „Стопански весник“. Член на ДПМ од 1962 година.

Автор е на книгите: Грешница (поезија, 1960), Тагата на црвениот каранфил (поезија, 1962), Три облачиња (раскази за деца, 1964), Сончева патека (поезија за деца, 1969), Ана и пеперугата (раскази за деца, 1969), Сонце на детските дланки (раскази за деца, 1970), Цинцилин (поезија за деца, 1972), Празник во градината (1975), Септемвриско ѕвонче (поезија за деца, 1982), Грешница (нови песни љубовна поезија, 1992), Зелено пладне Пелагонија (поезија, 1993), Моливчето го боли срце (поезија и раскази, 1994).