Горјан Петревски

Раскажувач, романсиер за деца и млади. Роден е на 14 јули 1951 година во с. Мренога, Демирхисарско.


Работел во МТВ на програмата за деца и млади. Од 1986 година преоѓа на работа во „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“ во Скопје каде што сега работи како одговорен уредник на издавачката дејност.

Автор е на книгите: Гороцвет (раскази, 1973), Земјата од сонот (раскази, 1980), Споменка (роман, 1982), Татковите солзи (раскази, 1985), Тажниот свирач (раскази, 1986), Марта (роман, 1989), Задоцнети писма од Споменка (лирски записи, 1990), Снеговите на Климентина Евин (роман, 1991), Далечна љубов (роман 1992), Исти очи (роман, 1993), Татковата прва љубов (поетски записи, 1997), Пролетни дождови (раскази, 1998), Вечниот ветар (роман, 2000).

Добитник е на наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ.