Васил Тоциновски

Поет, раскажувач, есеист, критичар, книжевен историчар, преведувач. Роден е во с. Стојаково, Гевгелиско на 22 август 1946 година.


Доктор по филолошки науки. Бил уредник во Македонската радио-телевизија. Работи во Институтот за македонска литература во Скопје. Член на ДПМ од 1974 година.

Автор е на книгите: Тајна во сонот (поезија, 1972), Настан во автобусот (хуморески, 1974), Птици во кругот (раскази, 1978), Отворена врата (поезија, 1979), Моќ на поетската реч (книжевноисториски студии, 1980), Ден за игра (поезија, 1981), Свилена буба (хуморески, 1982), Гласот што се чека (раскази, 1983), Криенка (поезија за деца, 1985), Отвори четири очи (раскази за деца, 1986), Живот и сцена (монографија, 1987), Светлина и текови (книжевноисториски студии, 1987), Мегдан за игра (роман за деца и млади, 1989), Зборот куршум и динамит (монографија, 1990), Поет изгнаник (монографија, 1990), Златокосото дете (роман за деца, 1992), Трета казна (раскази, 1993), Збор на времето (есеи и критики, 1993), Жаров бунтар и буревесник (монографија, 1994), Низ книжевниот континуитет (книжевно-историски студии, 1996), Коле Неделковски (монографија, 1997), Трагачи по вистината(книжевно-историски студии, 1998), Тројца кружочници (студии, 1998), Судбини на откорнатикот (книжевно-историски студии, 1998).

Добитник на наградите: „Гоце Делчев“, „Климент Охридски“, „Крсте Мисирков“, „Димитар Митрев“, „Ванѓа Чашуле“, „Девети Ноември“ на град Велес, на Културно-просветната заедница на Македонија и на Авторско-правната агенција на Македонија.