Васил Пујовски

Поет за деца и за возрасни, драмски писател. Роден е на 11 октомври 1946 година во с. Д'мбени, Костурско, Егејска Македонија.


Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работи во Македонската телевизија. Член на ДПМ од 1968 година.

Автор е на книгите: Светот на детскиот сон (поезија за деца, 1967), Пред божји суд (поезија, 1969), Кат Патон (поема за деца, 1972), Мижете да ве лажам (поезија за деца 1985), Ајде да се дружиме (тв-серија за деца, 1985), Сркај-кркај (поезија за деца, 1988), Било-не било (сказна, 1989), Кралот Кускуле први (драма, 1992), Дајте музика (поезија за деца, 1994), Прва лига (поезија за деца, 1995), Ѕвездено дете (избор поезија, 1999), Ѕверка без мерка (поезија за деца, 2000).