Васил Куноски

Поет за деца. Роден е во Дебар на 20 ноември 1916 година.


Починал во Скопје на 13 јуни 1993 година. Завршил учителска школа. Работел како уредник во редакцијата на „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1949 година.

Автор е на книгите Волшебното ливче (поема, 1950), Гатанки и прашанки со Ванчо Николески (1951), Белиот гостин (поема, 1952), Песни (1953), Каде е клучето (загатки, 1955), Вредна рака црта вака (сликовница во стихови, 1956), Ѓерданче (1956), Зајче без опавче (1957), Претпразнични вечери (1960), Страшно, пострашно и најстрашно, (1963), Ха-ха-ха и две-три ах (1964), Светулки над треви (1964), Тошо, Снешка и 101 смешка (хумористични песни, 1970), Згоди и незгоди (1972), Оро весело (поезија за предучилишна возраст, 1979), Оро широко (поезија за предучилишна возраст, 1984).

Добитник на наградите: „Младо поколење“, „13 Ноември“, „11 Октомври“.