Бистрица Миркуловска

Поет, раскажувач, писател за деца, преведувач. Родена е на 14 март 1930 година во Скопје.


Завршила Филозофски факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и постдипломски студии од областа на македонистиката. Работела како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Била лектор по македонски јазик и литература на Масариковиот универзитет во Брно, Чешка Република. Член на ДПМ од 1971 година.

Автор е на книгите: Цвеќенца (поезија за деца, 1960), Градинче (раскази за деца, 1962), Првачиња (поезија за деца, 1972), Празнични виделини (поезија за деца, 1979), Виножито (раскази, 1979), Сите деца мили (поезија, за деца, 1982), Ѕвездена (бајки, 1986), Виделина (бајка, 1989), Клучарчиња (роман за деца и млади, 1992), Прекршен лет (поезија, 1996), "Kdyz kvetly kastany" (Кога цутеа костени) (поезија, Брно, 1997).

Добитник е на „Потокарова повелба“ на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија за преводи од словенечки на македонски јазик.