Билјана Станковска

Поет, раскажувач, писател за деца. Родена на 20 јануари 1951 година во с. Дубровница, Кривопаланечко.


Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи во Народната библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово. Член на ДПМ од 1994 година.

Автор е на книгите: Ограничен простор (поезија, 1986), Светлооко небо (поезија за деца, 1990), Заробен сон (раскази, 1993), Миг за пресоздавање (поезија, 1995), Светлиот пат (поезија, 1996), Сказни и сторенија за поколенија (поезија, 1999).