За авторите Бугари и за себе

Авторот најчесто е надгласан од политиката особено историскиот контекст го диктираат политичките желби и интереси.


- За својот интерес како автор кон македонското прашање Влахов Мицов вели дека му го должи најпрвин на своето мешано потекло. Како Македонец по мајка и со мешана крв природно се наметнал фактот да си ги запознае корените и сите др. детали. Токму ова го одвоило од останатте учени за да влезе во истражувањата и проучувањата со сопствена (ладна) глава.

- За Бугарските шовинистички историчари, учени, колегите од Софискиот Универзитет  и др. каде Влахов предавал 23 години, ќе рече дека сметале за да се биде добар историчар, прво треба да си добар националист и шовинист.

- Тие не можат да ја преголтат заради тоа книгата на Влахов – “Кој го уби Ботев”?, во која тој посочува факти дека тоа не биле Турците но луѓе од неговата чета. Нагласувајќи дека во Бугарија е тешко да се говори за историска вистина, тој продолжува со етикетирањето кон него за “Предавник” штом пишува така за Ботев. Во недостаток на факти за побивање на вистината, Бугарите лепат етикети?!

- За притисоците врз него и др. Бугари на македонско стојалиште. Прво е избркан од Универзитетот во Софија, каде предава 23 години а потоа е и сменет од функцијата Директор на Македонскиот културен центар во Софија.