ГРЦИЈА ПО ПАДОТ НА ХУНТАТА

Владата на Караманлис ги ослободува политичките затвореници, го расформира концентрациониот логор Ѓурос, го враќа Уставот од 1952 год., ја легализира КПГ, врши смени во армијата и ги апси лидерите на Хунтата.


- 16.VIII.1974 год. се враќа Андреас Папандреу од егзил а на 22.VIII.1974 год. и лидерот на КПГ Харилаос Флоракис. Регистрирана е и ЕДА на чело со Илијас Илиу.

- 03.IX.1974 год. – формирана е “ПАСОК” ( Сегрчко Социјалистичко движење ) на чело со А. Папандреу. Кон ПАСОК на 06.X.1974 год. се приклучува и партијата “Национален отпор”.

- 28.IX.1974 год. – Караманлис ја формира – “Нова демократија”.

- 08.X.1974 год. - Формирана е коалицијата – Обединета левица составена од двете КПГ ( КПГ(вн) и КПГ(н) ) како и ЕДА.Се обединува и крајната десница во коалиција на чело со П.Гардуфилјас.

- 09.X.1974 год. – Формирана службена влада со Караманлис, која за 17.XI.1974 год. закажа избори. ПАСОК и КПГ критикуваат за нефер однос и услови со остатоци од Хунтата во администрацијата.

- ПАСОК во кампањата бара целосно напуштање на НАТО од Грција и особено Американските воени бази, се залага за социјална сигурност.

Резултатите од изборите од 1974 год. , беа : ( конеч.)
-“Нова демократија “ = 54,37 % или 220 ( 216 ) пратеници
· Унија на центарот = 20,42 % или 60 ( 61 ) пратеници.
· ПАСОК = 13,58 % или 12 ( 15 ) пратеници.
· Обединета левица = 9,47 % или 8 ( 8 ) пратеници.
(Во заградата е конечниот број пратеници според Изборниот суд)

- На изборите излегоа 4.963.568 граѓани а апстинираа 20,46 %.

- Караманлис формира еднопартиска влада со која е 7 години ( 1974 – 1981 год.) а презема повеќе мерки на надворешен и меѓународен план.

- 08.XII.1974 год. – Оддржан плебисцит , сите опозициони партии се против монархијата, Нова демократија е неутрална.

- На плебисцитот и мнозинството од народот е против враќањето на монархијата ( против монархијата – 3.245 111 или 69,18 % ).

- 18.XII.1974 год. – Парламентот го избира М.Стасинопулос од Нова демократија за привремен Претседател на Републиката.

- 28.V.1975 год. – Караманлис договора влегување на Грција во Европската Унија. Изгласан и новиот Устав на Грција нешто подоцна.

- 1977 год. – Парламентарни избори на кои ПАСОК ги зајакна позициите но недоволно во однос на Нова демократија, КПГ остана со – 10 %

- ПАСОК го зголеми рејтингот оти Нова демократија и натаму практикува форми на управа од Хунтата а ја користи и Кипарската трагедија; ги води и демократските сили против десницата а за зачленувањето во ЕУ ( тогаш ЕЕЗ) ветува реферндум. Тврдеше дека ќе се отстранат нуклеарните и воени бази на САД и НАТО од Грција и сл.

- 20.X.1980 год. – Караманлис ја враќа Грција и во воениот дел на НАТО

- 18.X.1981 год. – Парламентарни избори , трети по ред по падот на Хунтата, на кои ПАСОК е победникот.

- Резултатите од изборите од 1974 год. , беа :
· ПАСОК = 48,6 % или 172 пратеници.
· Нова демократија = 35,86 % или 115 пратеници.
· КПГ = 10,93 % или 13 пратеници.

- ПАСОК ја демократизира Грција но нееднакво за сите граѓани.

- Македонскиот народ во Грција и натаму е во немилост и политиката кон него не се разликува од онаа на другите партии.

- 08.IX.1983 год. – Владата на ПАСОК и покрај ветувањата потпиша договор со кој се продолжува користењето на воените бази од НАТО за уште 5 години. Ако нема писмено известување од Грција пред истекот на договорот, ќе се користат и следните 5 години. Со овој договор , Грција го продолжи членството во НАТО и ЕЕЗ.

- Владата на ПАСОК донесе и Закон за национално помирување на грчкиот народ. Со овој Закон се донесе Закон за општа амнестија, со кој се амнестирани сите кривични дела од Граѓанската војна. Легализирана е левицата, донесен е Закон за грчко државјанство, за денационализација на имотите и се признава Движењето на отпорот.

- Но сите овие мерки се националистички - важат само за “ГРЦИ ПО РОД”, додека за македонскиот народ од Грција – НЕ.

- Во однос македонскиот народ Грција е доследна, покрај Законот од 1982 год. според кој имотите можат да им се вратат само на – “ГРЦИ ПО РОД “ во 1985 год. носи нов “ попрецизен ” Закон со кој имотите можат да им се вратат само на – “ГРЦИ ПО ГЕН “( ?!).