Пештерите во Македонија
Македонија е богата со пештери.

Споменик на природата ПЕШТЕРА ГОЛУБАРНИК

 Пештерата се наоѓа кај селото Горна Белица, во изворишниот дел на реката Белешница. Долга е 50 м.

 
Пештерата Голубарник

Споменик на природата ПЕШТЕРА МЛЕЧНИК

 Се наоѓа североисточно од селото Ташмаруниште на западните падини на гребенот Млечник, на надморска висина од 980 м. Пештерата се состои од две сали меѓусебно поврзани со мал отвор. Во првата сала, на левата страна од влезот, се наоѓаат неколку прекрасни столбови, а на дното од десната страна се издига масивен сталагмит покрај кој се влегува во втората сала. Во пештерата живее специфичен вид фауна.

 

Споменик на природата ПЕШТЕРА ПЕШНА

Пештерата се наоѓа од десната долинска страна на реката Треска, во Поречкиот Басен, недалеку од Македонски Брод.  Иако има мошне мала должина, од само 50 метри, нејзиниот влез е со значителни димензии: 16,8х52,4 м. Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина.


Пештерата Пешна

 Споменик на природата СЛАТИНСКА ПЕШТЕРА

Слатинската пештера се наоѓа во селото Слатино, Македонски Брод, на левата долинска страна од Слатинска Река,  65 метри над дното од реката, на надморска висина од 600 метри. Пештерата се состои од еден долг пештерски канал од кој на сите страни се разгрануваат подолги и пократки краци. Должината на пештерата изнесува околу 400 метри. Пештерата е богата со украси.


Слатинска пештера