Бугарски апетити и кон други

Но Бугарите изгледа не се само кон Македонците фалсификаторски и негаторски расположени.


Особено жестока асимилаторска кампања се води кон Турците во Бугарија. За да станат ПОГОЛЕМИ, Бугарите дури и Турците ги правеа – Бугари?! Покрај притисокот врз живите, ниту мртвите не беа оставени на мира. Така се кревале плочите на муслиманите и Турците и ако на нив пишува – ОСМАН АЛИУ и се преименува со нов текст – ОГЊАН ИЛИЕВ. Истото Бугарите го правеа и во медицинската архива, каде преправале голем број на податоци со имиња од мусимани и Турци.

 За Бугарските фалсификати кон светот кој по нив е “Бугарски”, Влахов Мицов ќе рече:

“Можеби досега не знаевте дека се што потекнува на светот е Бугарско. Една теорија за ова вели дека на соѕвездието Мала Мечка живееле двајца луѓе – бел и црн. НОРМАЛНО ТИЕ БИЛЕ БУГАРИ. Еден ден решиле да се симнат на земјата да го посеат своето семе и така настанал светот. Што се однесува до себугарското потекло, може да ви појасниме дека дури и Исус бил Бугарин“. Во Бугарија дури и Вилијам Шекспир беше – ВИЛИ ШЕКСПИРОВ и разбира се – БУГАРИН?!