За Македонските спомени и културно наследство

Стариот џебен саат е единственото што таткото на умирање го остава како спомен за авторот. Автентично и емотивно преку саатот ни се дава пораката за чување на културно ни наследство.


- Чукањето на саатот се врзува со дишењето на татко си пред смртта како природна врска на времето (саатот) и татковината (таткото):
“Не можев да го замислам чукањето на стариот турски часовник без дишење на татко ми. А спомените од моето детство за татко ми беа поврзани со овој саат. Моите најрани претстави за звук не беа ѕвонот на селската камбана, ниту гласот на мајка ми, туку чистото ѕвонливо тикитакање на саатот што татко ми го држеше на моето уше за да ме смири.
Уште ја имав пред себе сликата на татко ми како го врти сребрениот синџир со саатот пред моите насолзени очи. Златните светки што ги лачеше во вртењето ќе ги запреа моите солзи и ќе измамеа усмевка на моето лице. Потоа јас ќе гукав и ќе ги протегав рацете да го фатам саатот што се вртеше но татко ми не ме оставаше а ќе ми го донесеше до моето уше за да му го чујам тикатањето. Секоја ноќ, кога ме оставаа да спијам, татко ми го држеше саатот до моето уше и го навиваше со сребреното клуче.Тогаш саатот звучеше како да имаше некој штурец внатре ,кој цвичеше при секое завртување на клучето.
Не не можев да замислам саатот да чука а татко ми да не дише “.

- Кога и другар му Васил, давејќи се во вртлогот на реката, го закопуваат во преријата на 50 милји од татка му, авторот пак се враќа на саатот, како да сака да ги врзе времето и татковината:
“Пред да се одбијам од гробот, јас случајно го извадив мојот саат. Тоа беше стариот саат на татко ми што беше станал веќе мој. Кога погледнав во него јас се почувствува смирен и засрамен. Зашто иако го носев стариот саат, јас секогаш мислев дека има нешто не редно да го носам овој необичен саат.
И јас бев отишол кај еден саатчија да прашам дали можел механизмот да се премести во една модерна Американска кутија без капак. Умен човек, саатчијата ме убеди дека е тоа скапоцено наследство...
Размисував за сето тоа, за мојот обид да се разделам од стариот саат со кој татко ми ги запираше солзите и ме утешуваше кога бев дете, и сето тоа ме исполни со срам. Почувствував како да сум се обидел да се откажам од моето наследство или како да сум се срамувал од него.“

- Авторот ги учи и спомените на новата земја, тргајќи ги од меморијата во друг дел македонските за – новите, вели:
“Aмерикански симболи, американски места, споменици, американски дати и настани, американски историски и легендарни личности надигаа чувства. Од постаментите во галеријата на моите спомени ајдуците и комитите слегуваа за да им сторат место на Пол Банјан, Буфало Бил, Џес Џемс, Генерл Кастер“.