Погребите далеку од родниот кра

Работејќи по новата ветена земја Македонците се ретчат и закопуваат каде се нашле, дури и во непрегледните прерии на Америка, далеку од родната Македонија. За погребот на татка си раскажувачот вели:


“Оваа процесија низ голата прерија беше нестварна и неверојатна. Имаше нешто несовршено и нецелосно во смртта на татко ми и во неговиот погреб. Вака не се испраќа човек во вечното место на покој. Камбаната не биеше ниту свештеници во одежди ги нишаа мирисните кадилници ниту пееја погребни песни. Немаше овде ниту алеи со високи тополи и кипариси што водат до капелата засенчена од стари дабови и ореви...
Цел еден час процесијата врвеше во една права линија преку преријата до малото место, оградено со бодлив тел што чуваше неколку гроба да не бидат изгазени од добиток. Тоа беше едно осамено и оддалечено место, но попогодно место за гробишта мачно можеше да се најде, зашто само педесет стапала понатаму се наоѓаше една од оние меси што стрмно се издигаа над рамнината, како храмови, високи двесте-триста стапала.”

- Прошталниот говор од филологот (во улога на поп) е свесноста на сите дека и тие своите коски ќе ги остават далеку од родниот крај. Но и утехата дека тоа во смртта нема толкав значај како при живота:
“Сите вие знаете дека закопуваме еден од нашите луѓе во туѓа земја, далеку од неговото родно место. Но тоа не е така.
Нашиот мртовец се чувствуваше овдека како туѓинец само додека беше жив. Сега тој овдека не е туѓинец. Ништо толку силно не го разбудува во човечкиот ум чувството дека земјата е општа, на сите луѓе, како кога ги покопуваме своите мртви во неа. Земјата не бара никакви акредитиви од мртвите, таа бара само тие – мртвите – да и се вратат.
Само живите ја делат земјата и самите и се делат на земјата...
Пред една недела, уште нашиот умрен ставаше челични плочки меѓу шините. По целата должина на пругата, каде и да ставил плочка, сега има празен простор. Како и една од неговите плочки и тој исто така е изваден од своето место во светот, и таму, каде што тој беше, сега има еден празен простор“.

- Блискоста со новата земја авторот ќе ја допре и преку последниот дел од говорот:
“...Отсега оваа земја ќе ни биде помалку туѓа, бидејќи оставаме еден од нас овдека засекогаш, во сенката од оваа меса. Отсега синот ќе и биде поблизок на оваа земја, зашто го закопал својот татко во западните прерии. Земјата во која човекот ги закопува своите претци му станува света”.

- Авторот со ова го дал одговорот и за сите бегалци- Македонци, дури и за оние од истокот – Русија, Чешка, па до Србија и Бугарија.

- Последниве две пропагандно го злоупотребуваат тоа што Македонците се лојални,чесни и трудољубиви луѓе.А уште повеќе се лојални ако генерациски живеат или погребале свои предци како во случајов.