Претензиите кон Македонија

Влахов-Мицов за ова вели: “Сите земји и Бугарија и Грција и Србија имале претензии кон Македонија.


Треба да се види како и зошто дошло до тоа. Грците велат дека античките Mакедонци се - Грци, а Бугарите, пак тврдат дека сегашните Македонци се Бугари“.

- По ова се прашува - "Kако може Македонецот од антиката да бил еден а сега некој друг?!  При ова сите други си останале истите од антиката, само Македонците некако се смениле?!"

- За Преродбениците и дејците Македонци, Влахов ќе рече дека се тоа луѓе кои многу придонеле за клучот на македонската кауза и со своето дело но и како луѓе. Определбата на Мисирков за него е прејасна во “Македонцките работи”, а притисоците по неговото семејство за чиј спас ако и се нарекол во таков момент “Бугарин”, тоа за Влахов не е меродавно зашто е добиено под притисок државен или полициски.

- Тоа не може да го избрише постојаното и прејасно негово македонско национално самосознание. За Прличев 5 години пред смртта ќе го наведе она што го напишал самиот а тоа е дека е “убиен од Бугарите“.

- За Карактерните разлики меѓу Македонците и Бугарите, Влахов смета дека Македонците и Бугарите ниту карактерно не се блиски но има суштесвени разлики . Така за Македонците вели дека се: отворени, толерантни, со позитивна насоченост која битно не се менува кон другите дури и кога овие ги повредуваат со своите ставови и мислења. Неретко токму таа отвореност и толерантност негативно се одрзаува врз Македонецот и тој заради неа – страда.

- Бугаринот пак е се спротивно од ова, но тој тоа според Влахов – Мицов, го прави од патолошки страв. Токму од таму е и бугарскиот шовинизам и отпор кон се што не е бугарско (особено македонското). Затоа и промените на надгробните плочи, забраните за ОМО Илинден, чествувањата на Јане Сандански кому дури се става и измислени фрази на споменикот.