За емигрантските понижувања и патешествија

- Објаснувајќи ги емигрантските односи на Македонците со другите – Бугарите, Грците, (дури и Црнците) но и меѓусебно Христов ги дава навредите, надменоста и емоциите.


Така младиот јунак кога е удрен со скапан патлиџан во врат и кога го прашува постариот замјак Ламбе, зошто му е тоа направено овој му одговара:

“Затоа што си “Даго”, ете зошто !
- Та ние сме МАКЕДОНЦИ .
- Тоа е исто. Ајде време е за сирената“.

- “Даго”- навредувачки поим чие значење подоцна ќе го разбере,но со јасната свест за етничкото си потекло во време и на далечно место (САД), Христов на најдобар начин ги меле негаторските пропаганди врз македонскиот народ.

- Зашто во САД нема комунизам (кој според пропагандистите го измислил македонскиот народ?!), но најтврд капатилизам, и тоа на почетокот од втората деценија на XX век.

- Македонците емигранти ги работат најтешките работи трудељубиво и макотрпно ја градат и САД. За таков Македонец – Васил, авторот пишува:

“Тој работел во бакарните рудници во Бјут, жниел по полињата на обете Дакоти, копал нафтоводи во Тексас и Оклахома, берел портокали крај Лос Ангелос, товарел како пристанишен работник на доковите на Сан Франциско. Во Портланд, Денвер, Омаха и во други далечни места Васил миел паници само за еден ручек. Со долар во џебот или без долар, тој се сокривал во товарни возови ускокал во патнички, крстосувајќи така од држава во држава. Тој ги познаваше сите железнички пруги на југозапад, на северозапад и на Далечниот Исток. Имиња на чудни градови, на реки и планини, се тркалаа од неговиот јазик како езерски камчиња полни сјај и нова волшебност “.