За македонската патријахалност и татковината

Впечатливи се описите на разликите меѓу македонските патријахални односи и Американскиот сон по кој тргајќи и татковците и синовите Македонци, ги рушат тие односи. Христов вака го опишува:


“Го жалев татка ми. Кога пристигнав во Сент Луис, јас веднаш забележав промена во него. Тој беше сув, жилав човек со мало лице, но корав и во него се криеше тврда, калена сила. Сега беше отпаднат. Двете години во Америка, исполнети со секидневна работа и мака, како да го смалиле. Ја немаше онаа патријахална почит и она внатрешно достоинство. Изгледаше слаб и беспомошен. За првпат се почувствував поголем и посилен од татка ми, и се прашав дали јас сум нараснал или пак Америка го смалила татка ми“.

- Застрашувачки е призвукот на дилемата – Дали Америка го смалила татковото достоинство пред сина си или овој нараснал?!

- Како да одѕвонува првото - дека Америка (со трката за капитал), го смалува таткото пред синот. Доразјаснувајќи ја “Америкоманијата” по македонските села Христов, вели:

“И татко ми беше станал жртва на таа зараза. Тој ја виде измамата, но беше предоцна. Тој виде страшни работи што Америка им сторила на младите луѓе отидени од селото со здрава снага и чиста душа. Погледни ги сега! Пропаѓаат! Татко ми ќе се врати во својот свет, каде што ќе биде човек и пак ќе ѕида куќи.“

- Христов маестрално ги спојува поимите - татко и татковина кои и потекнуваат еден од друг. Опишувајќи го таткото тој како да зборува за маките но и убавините на таковината, за што вели:

“Можеби во стариот крај пантлоните му биле крпени, но душата му беше негибната. Овдека панталоните не се крпени иако телото може да биде загадено со болести а душата мувлосана.

Татко ми беше овде само со телото. Неговиот ум, мисли, неговото срце, неговото цело суштество беа таму во неговата татковина, каде што имаше значење животот за него, каде што животот беше проникнат со чесност и достоинство“.