Стојан Христов за македонскиот народ

Стојан Христов за македонскиот народ и емигрантските маки во своите дела


Mарт 1953 год. во Скопје Христов за своето дело “МОЈОТ АМЕРИКАНСКИ АЏИЛАК” ќе рече:

“Кога луѓето од овие страни емигрираа во новиот свет и тие имаа родна земја, но немаа држава; тие имаа мајчин јазик, но немаа литературен јазик; тие имаа народни песни и приказни, но немаа поезија нити проза. Пред да го минат огромниот Океан за да се сретнат со еден нов непознат свет, некои од нив се бореле за правото да ги спечалат овие работи.

Вие што останавте дома и вие што се родивте по нив, ја продолжувате таа борба. И сега нивната родна земја стана држава, нивниот мајчин јазик официјален јазик, а врз основа на народните песни и приказни се изгради силна родна литература и култура“.

- За младичот јунак на приказната од книгата мојот Американски аџилак и отргнувањето во новиот свет ќе заклучи:

“Toј не можеше да биде добар Американец ако отпрвин не беше добар МАКЕДОНЕЦ . Тој не би можел да чувствува љубов за својата друга мајка ако немаше љубов во срцето за својата вистинска мајка“

- Христов продолжува со она што го чувствува во себе заклучувајќи:

“Што се однесува до мене, како одбелжувач на овие македонски емигранти, тешко ми е да ги опишам моите чувства, мојата возбуда, гледајќи ги моите сопствени творби во други зборови, преведени во зборови на мојот мајчин јазик. Само во други два случаи во мојата писателска кариера ми беше дадено такво духовно и морално задоволство како што е печатењето на оваа книга на мојот мајчин јазик. Едното беше кога мојата автобиографија “Ова е мојата татковина “ беше најдена на работната маса на Претседателот Рузвелт по неговата смрт. Друг момент беше честа да бидам гостин на мојата родна земја сега кога таа е слободна држава и ковач на својата сопствена судбина“.