Стојан Христов – Делата за македонски народ
2 септември 1945 г., срцето му е со македонскиот народ, дознавајќи за создавањето на македонска држава (иако во состав на ФНР Југославија), Стојан држи важен говор на конвенцијата од Македонско-Американскиот сојуз, со наслов “Нова Македонија”.
- Христов се активира во ширењето на вистината за посебноста на македонскиот народ, ширум САД. што беше гаранција за македонската независност, за македонскиот јазик и македонското културно богатство.
- Од 1952 -1953 г., Христов е на Балканот, како дописник на Северно-Американското новинарско здружение НАНА. Престојот го користи да ја посети родната Македонија.
- 1953 г., со сопругата Маргарет, 5 и пол месеци, Христов ја крстари Македонија, восхитувајќи и се на природните убавини, придружувани од писателот Владо Малески со др. дејци.
- Примен е и од тогашните Претседатели на Р.Македонија- Лазар Колишевски и на ФНР Југославија - Јосип Броз Тито. Гостин е на - Матицата на иселениците на Македонија, Друштвото на писатели на Македонија и др. културно-просветни и државни институции.
- Од 1985 – 1986 г. ,Сенаторот во пензија - Стојан Христов е во Македонија.
- 25 јуни 1986 г.- Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”- Скопје на Стојан Христов му додели титула - Почесен Доктор по Филолошки науки за истакнати големи и трајни заслуги во континуираното и високо уметничко афирмирање на македонската тема во американската литература на XX в. Стана и:
- Член на Сојузот на писатели на Македонија
- Почесен член на МАНУ.
- Во Комисијата за културни врски со странство, Христов потпиша и Договор за подарок на своите приходи за основање Фондација - “Стојан и Маргарет Христов” при Македонскиот ПЕН - центар.
- Нагласена е образовната цел на фондација, особено кон млади и надарени студенти Македонци на Универзитетите во САД како и за стимулирање и афирмирање на македонската литература во странство.
- 1995 год., Стојан Христов умира во длабока старост, не дочекувајќи ја 100 – та година за нешто помалу од 2 години. Државата Вермонт му одаде должна почит за се што остави зад себе.
- 04. XII. 2006 год. – на 11 – годишнината од смртта на Христов , Националната Гарда на Вермонт му подигна монумент – плоча и на неговиот мајчин – македонски но и на англиски јазик. Се ставија неговите дела и неговата мисла:
“Во животот имав две мајки – Македонија која ме роди и Америка која ме посвои “
|